Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ФОТО) Град со големина од неверојатни 19 см нанесе огромни штети на земјоделските површини во Италија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ФОТО) Град со големина од неверојатни 19 см нанесе огромни штети на земјоделските површини во Италија
Агровести

(ФОТО) Град со големина од неверојатни 19 см нанесе огромни штети на земјоделските површини во Италија

Објавено 27/07/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Нов европски рекорд во големина на град беше поставен во Ацано Децимо, Италија, со неверојатни 19 сантиметри.

За 3 сантиметри го надмина овој необичен рекорд поставен пет дена претходно, бидејќи, исто така, во Италија, во Кармињано ди Брета, падна град кој во својата најдолга оска имаше 16 сантиметри, објави Европската лабораторија за силни бури (ESSL).

Во доцните вечерни часови овој понеделник, селото Тиецо, во општина Ацано Децимо, на околу стотина километри од Трст, беше погодено од силен град, што резултираше со големи парчиња мраз.

„За жал, не ја знаеме тежината на оваа огромна топка, која е тешко да се нарече зрно, но секако е потешка од 1 кг. Земете предвид дека парчиња со оваа големина паѓаат со брзина поголема од 150 км/ч.“, коментираат во објава на фејсбук-страницата Торнадо во Италија. На фотографијата што ја објавија се гледа должина од 20 сантиметри и ширина од 16 сантиметри.

Огромна штета во земјоделството
Огромна катастрофа со денови ја погодува Италија. Во вторникот невремето однесе пет животи, како на северот на земјата, така и на Сицилија, каде што беснеат пожари поради топлотниот бран.

Голема штета настана на површините со пченица, пченка, соја, шеќерна репка, сончоглед, зеленчук, овошје и винова лоза. Уништени се пластеници и земјоделски капацитети, пишува италијанското здружение на фармери Coldiretti. Велат дека оваа временска непогода се случила во фаза кога штетите се ненадоместливи, а годинава во таа земја би можела да ги надмине минатогодишните 6 милијарди евра.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:градиталија
Претходен напис Топлотниот бран во Атлантикот може да биде катастрофален за рибите, велат експертите
Следен напис Литванија ја повика ЕУ да ги користи балтичките пристаништа за извоз на украинско жито
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?