Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Флорида прогласи вонредна состојба поради недостиг на гориво
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Флорида прогласи вонредна состојба поради недостиг на гориво
Агровести

Флорида прогласи вонредна состојба поради недостиг на гориво

Објавено 12/05/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Гувернерот на Флорида Рон Десантис прогласи вонредна состојба во врска со можниот недостиг на гориво предизвикан од прекинот во снабдувањето по кибер нападот врз најголемата американска компанија „Колонијал пајплајн“ (Colonial Pipeline).

„Неочекуваното затворање на најголемиот гасовод и оттаму произлезените нарушувања во снабдување со гориво претставуваат сериозна закана за Флорида и бараат итни мерки за заштита и олеснување на снабдувањето со гориво сè додека гасоводот повторно не се стави во функција“, се вели во соопштението. Се истакнува дека вонредната состојба ќе трае 30 дена и може да се продолжи доколку е потребно.

Според телевизискиот канал ВТСП (WTSP), гувернерот стравува од недостиг на гориво во северните делови на државата. Наметнувањето на вонредна состојба ќе ги отстрани ограничувањата за големината и максималната тежина на бензинските камиони што можат да се движат низ Флорида.

„Колонијал пајплајн“, кој пренесува голем дел од своето гориво од Тексас до источниот брег на САД, соопшти дека минатата недела бил извршен напад со малициозен софтвер врз неговите системи. Станува збор за програма што влегува во компјутерски систем и привремено го блокира неговото работење со криптирање на податоци сè додека жртвата не ја плати сумата што ја бараат хакерите. Процесот на враќање на нормалните активности е веќе започнат и се очекува гасоводот да биде во функција до крајот на оваа недела.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:бензин
Претходен напис За шест сантиметри зголемен водостојот на Радика
Следен напис Кои делови на Европа ќе бидат погодени од суша?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?