Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ФИТР: Земјава ќе стане нова атрактивна дестинација за дигитални номади
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ФИТР: Земјава ќе стане нова атрактивна дестинација за дигитални номади
Агровести

ФИТР: Земјава ќе стане нова атрактивна дестинација за дигитални номади

Објавено 30/01/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во ерата на дигитална економија која овозможува се поголема слобода во начинот на работење, државава има голем потенцијал да привлече експерти од целиот свет. Дополнително, КОВИД кризата придонесува за зголемување на стапката на вработени кои работат од далечина, а со тоа се зголемува и свеста за можностите и придобивките кои ги нудат овие луѓе, е заклучокот од интерактивниот вебинар „Зошто дигиталните номади и стартап основачи треба да дојдат во С Македонија“.

На вебинарот дискутираа директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Коста Петров, поранешниот извршен директор на Start-Up Chile, Себастијан Дијаз Меса, дигигиталниот номад од Канада, Саманта Миките, како и коосновачот на Стартап Македонија, Нина Николиќ.

Како што соопшти ФИТР, Микит која изминатиов период работела во земјава, рече дека е фасцинирана од потенцијалот за развој и привлекувањето дигитални номади. Таа преку своето искуство ги потенцира придобивките кои дигиталните номади ги имаат со тоа што ќе одлучат да работат во нашата земја.

-Особено сум горд што Република Северна Македонија е една од ретките земји која ќе ги отвори вратите на дигиталните номади. Со стимулот која нашата земја го дава за нивен развој, ќе создадеме европски стандарди и услови за странските претприемачи да работат и живеат во земјата. Сега е ерата на дигиталните номади, кои ќе донесат огромни придобивки врз локалната економија како и шанса за соработка и вмрежување со македонските стартапи, истакнал Петров на вебинарот.

Дијаз Меса смета дека ставањето на талентот во центарот е она што му овозможува на екосистемот да расте. Чиле го докажа тоа уште пред 10 години кога беше создаден Start-Up Чиле како најдобриот претприемачки екосистем во регионот.

-Северна Македонија покажува уште поголем потенцијал, да се внесе разновидност во  локалниот екосистем за зајакнување на претприемништвото и иновативноста, како клучни компоненти на современите економии, истакна Дијаз Меса.

Според Николиќ, „Стартап Македонија” целосно ја поддржува иницијативата за дигитални визи за номади. Со тоа, смета, им се дозволува на меѓународните експерти и осовачи на стартапи да имаат подолг престој во нашата земја и да создадат уште поголемо влијание во новата економија.

Неодамна беше формиран Стартап совет на ФИТР чија главна цел е креирање долгорочна стратегија за привлекување дигитални номади во Северна Македонија.

МИА

Може да ви се допадне

Трет третман на терестичка дезинсекција на територија на Општина Куманово
Се чекаат резултатите за заболените во Гостивар, на повеќе места низ градот се дели пакувана вода за пиење
Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на претседателката на Индија
Редовно наводнување на културите и почитување на препораките за работа на отворено, препорачуваат агрометеоролозите
Топлотен бран во Грција, се очекуваат температури над 40 степени
Таг:дигитални номадиКоста ПетровФИТР
Претходен напис Фармерите до крајот на февруари, ќе можат да аплицираат за финансиска поддршка за набавениот педигриран добиток
Следен напис Одобрени 23 милиони евра од „Ковид 3” за вкупно 2.009 корисници
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?