Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ФИТР: Вкупно 4.4 милиони евра се распределуваат за поддршка на 86 домашни претпријатија во рамките на јавниот повик „Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст”
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ФИТР: Вкупно 4.4 милиони евра се распределуваат за поддршка на 86 домашни претпријатија во рамките на јавниот повик „Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст”
Агровести

ФИТР: Вкупно 4.4 милиони евра се распределуваат за поддршка на 86 домашни претпријатија во рамките на јавниот повик „Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст”

Објавено 04/10/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денеска на свечен настан, Фондот за иновации и технолошки развој ги прогласи победниците од јавниот повик „Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст”. Со овој повик, вкупно 4.4 милиони евра се распределуваат за поддршка на 86 домашни претпријатија да ги реализираат своите иновативни проекти.

Целта на повикот е да се поттикнат претпријатијата да создадат услови за надминување на последиците од економската криза, да остварат забрзан раст, да ја зголемат конкурентноста на меѓународните пазари и отпорноста на пандемиски и климатски кризи, преку воведување на нови, иновативни, напредни, „зелени” и дигитални технологии за нивна трансформација.

„Навистина ми е драго што семејството на ФИТР од денеска се зголемува за 86 нови претпријатија и со оваа бројка, портофлиото на ФИТР брои 1.153 кофинансирани проекти кои реализирале, реализираат или ќе започнат со реализација со проекти во вкупна вредност од 130 милиони евра. Ова е јасен показател дека Фондот за иновации и технолошки развој е вистински дом за сите микро, мали и средни претпријатија кои имаат иновативни идеи и креативни решенија и навистина ми е драго што од денеска заеднички започнуваме со ново претприемничко патување за кое сум убеден дека ќе резултира со голем успех” изјави Фестим Халили, директор на Фонд за иновации и технолошки развој.

Директорот на Фондот Халили посочи дека со средствата од овој повик, домашните претпријатија и приватни здравствени установи имаат можност да развиваат нови технологии и да ја зголемат продуктивноста и ефикасноста во своето работење. Од вкупниот буџет, ФИТР кофинансира 4.4 милиони евра, додека корисниците инвестираат 2.7 милиони евра во реализација на проектите. Со реализација на овие проекти, вкупната вредност на инвестиции во приватниот сектор по основ на овој јавен конкурс надминува 7 милиони евра.

Како што е и вообичаено кај инструментите на ФИТР, најголем број од претпријатијата се микро (48%) и мали претпријатија (48%), додека 4% се средни претпријатија. Селектираните проекти ќе работат на проекти најмногу од следните индустрии: информатичката технологија, здравството, технолошката индустрија, земјоделството, угостителството, текстилната индустрија, градежништвото, машинството, образованието, маркетингот, итн.

„Особено ме радува што солиден процент од вкупниот број од селектираните, 43% од компаниите се старт-апи, млади претпријатија, што значи дека сме овозможиле развој на нови идеи, бизниси и проекти. Всушност и нашата мисија е таа, да ги охрабриме ентузијастите да ја преточат својата уникатна идеја во реалност, а ние да им бидеме партнери во целиот тој процес. Дополнително охрабрува фактот што жените претприемачи покажаа значително голем интерес за започнување на иновативен проект, односно 46% од претпријатијата имаат жена како сопственик или управител и лично се надевам дека овој тренд ќе продолжи и во иднина и кај другите инструменти на ФИТР” изјави Халили.

На јавниот повик кој траеше од 27.03. до 05.05.2023, беа доставени 268 предлог проекти на домашни претпријатија, но согласно процедурите на ФИТР за евалуација на пристигнатите предлог-проекти, Комитетот за одобрување на инвестиции, донесе одлука за доделување на финансиската поддршка на вкупно 86 претпријатија.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски растподдршкапретпријатијаФИТР
Претходен напис Приведени македонски и албански државјанин, затекнати при пустошење шума на Јабланица
Следен напис Сончево со умерена, а на места повремено со значителна облачност
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?