Основна цел на новиот јавен повик наречен „Стартап херои” кој е објавен од страна на Фондот за иновации и технолошки развој, во соработка со ТИНЕКС МТ ДООЕЛ како корпоративен партнер на Фондот,е да се промовира иновацијата и конкурентноста преку воспоставување на партнерство помеѓу малите производители и претпријатие од корпоративниот сектор и да се обезбеди полесен пристап до пазарот за малите новоосновани претпријатија.
Активности подобни за финансирање
- Доработка, усовршување и додавање вредност на производот;
- Маркетинг активности насочени кон доведување на иновацијата до инвестициска подготвеност и зрелост за воведување на пазарот;
- Тестирање на пазарот, истражувања и анализи пред излез на пазар;
- Исполнување на условите и добивање потребна документција за пуштање на производот во промет;
- Сертификација, акредитација и други процеси и документација потребна за пласман на домашниот пазар;
- Заштита на интелектуалната сопственост.
Горенаведената листа на активности не е ограничувачка.
Категории на производи подобни за финансирање:
- Кондиторски производи – благи (кроасани, чоколадни намази, чоколади и сл.) и солени (чипсови, грицки, крекери и сл.);
- Органска и здрава храна (пакувани, конзервирани органски производи и производи за диетална прехрана)
- Безалкохолни и алкохолни пијалаци во кои содржината на алкохол е пониска од 15%;
- Основни прехранбени продукти (млеко и млечни производи, брашно, јајца, масло, оцет и дресинзи, мед и слатки намази и сл.);
- Конзервирани производи;
- Козметички производи (нега на лице, тело, коса и сл.);
- Производи за чистење и освежување на домот.
Вкупниот буџет за предизвикот изнесува 7 милиони денари, со максимален износ по апликација од 600,000 (шест стотини илјади) денари.
80% од средствата ќе се исплаќаат авансно веднаш по потпишување на договорот, а останатите 20% ќе бидат исплатени по одобрување на извештај за реализиран проект, трговско друштво, основано согласно Законот за трговските друштва и регистрирано во Централниот регистар на Република Северна Македонија;
Критериуми за подобност на апликант се
- Да е новоосновано трговско друштво, основано согласно Законот за трговските друштва и регистрирано во Централниот регистар на Република Северна Македонија;
- Од моментот на основање на трговското друштво до моментот на поднесување на апликација до Фондот да не поминале повеќе од 6 (шест) години ;
- Годишните приходи на претпријатието да не надминуваат 500.000,00 (петстотини илјади) евра во денарска противвредност, според финансиските извештаи за претходните две фискални години (2019 и 2020 година);
- Да не е поврзан (Согласно Законот за трговските друштва) со друго претпријатие чии годишни приходи надминуваат 500.000,00 (петстотини илјади) евра во денарска противвредност, освен во случај на поврзаност со високообразовна, односно научно-истражувачка установа;
- Да е во доминантна македонска сопственост;
- Да е претпријатие чии производи не се комерцијално достапни за продажба во ланците на маркети од земјата и странство;
- Да ги исполнува комерцијалните и правни услови за влез во продажното портфолио на ланецот маркети;
- Против него да не е поведена стечајна постапка или постапка на ликвидација;
- Да има подмирени доспеани обврски по основ на јавни давачки и придонеси;
- Против него да не се отпочнати постапки за присилно извршување на доспеани парични побарувања;
- Да ги исполнува условите од Законот за контрола на државна помош и Уредбата за условите и постапката за доделување на помош од мало значење (de minimis), односно:
- Да нема акумулирано повеќе од 200.000,00 (двесте илјади) евра помош од мало значење за период од три фискални години, вклучувајќи го и побараниот износ на средства од Фондот согласно Законот за контрола на државна помош и Уредбата за условите и постапката за доделување на помош од мало значење (de minimis);
- Да нема акумулирано повеќе од 100.000,00 (сто илјади) евра помош од мало значење за период од три фискални години, вклучувајќи го и побараниот износ на средства од Фондот, ако претпријатието е активно во секторот за патен сообраќај, согласно Законот за контрола на државна помош и Уредбата за условите и постапката за доделување на помош од мало значење (de minimis);
- Да не се занимава со производство на јаглен.
Поволности кои ќе ги обезбеди корпоративниот партнер ТИНЕКС МТ ДООЕЛ
- Промоција на производите преку нивно поставување на посебно обележани полици на однапред дефинирани локации на маркети во период од 12 месеци;
- Креирање на брошура за производите од проектите избрани за финансирање и/или додаток во постоечките брошури;
- Помош при промоција на производите во маркетите;
- Вклучување на производите во интегрирана дигитална маркетинг комуникација на ланецот на маркети;
- Изготвување на маркетинг кампања за промоција на производите на ТВ/радио; и
- Со избраните натпреварувачи ТИНЕКС-МТ ќе склучи Договор за соработка во кој ќе ги договорат условите за набавка и продажба на наградениот производ.
Трошоци подобни за финансирање
- Набавка и/или изнајмување на материјали и опрема за подобрување на процесот на амбалажирање и стандардизација на производот;
- Набавка на потрошни материјали за истражување и анализа на пазар (на пр.тестери, примероци на производи за тестирање, дегустација и сл.);
- Ангажирање на експерти/консултанти за истражување и развој, анализа на пазар, маркетинг стратегија, иновациски менаџмент, бизнис развој, права на интелектуална сопственост, финансиски менаџмент, и друго);
- Трошоци поврзани со обезбедување на квалитет преку стандардизација, сертификациија и слично;
- Подготовка и поднесување на пријава за патент, заштита на трговска марка и индустриски дизајн;
- Маркетинг трошоци поврзани за брендирање и промоција: ангажирање на дизајнери/ консултанти за креирање на бренд идентитет на производот, дизајн на амбалажа на производот, дизајн и изработка на промотивни материјали и друг тип на дизајни за маркетинг активности за унапредување на пазарниот пристап при пласманот;
- Други трошоци поврзани со проектот (банкарски провизии,режиски трошоци, трошоци за сметководство, оперативни трошоци, трошоци за дистрибуција на производи и сл.)
Имплементацијата на проектот може да биде со времетраење од максимум 4 (четири) месеци.
Рокот за аплицирање на јавниот повик е до 25.05.2021 година.
