Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ФИТР: Продолжен рокот за аплицирање на повикот за Дигитализација на општините
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ФИТР: Продолжен рокот за аплицирање на повикот за Дигитализација на општините
Агровести

ФИТР: Продолжен рокот за аплицирање на повикот за Дигитализација на општините

Објавено 14/10/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Поради зголемениот интерес од компаниите и големиот број дополнителните прашања и сугестии од потенцијалните апликанти рокот за аплицирање за јавниот повик за Дигитализација на општините се продолжува до 19.10.2020 до 12:00 часот, информираат од Фондот за иновации и технолошки развој.

Допонително на увид и понатамошни насоки од ФИТР доставуваат и линк од често поставуваните прашања кои може да бидат од корист при пополнувањето на апликацискиот пакет (https://fitr.mk/javen-povik-kovid19-brza-reakcija-preku-digitalizacija-na-uslugite-na-lokalnata-samouprava/)

Целта на повикот е развој на дигитални алатки и решенија за подобри и поквалитетни услуги во локалната самоуправа а го спроведуваат Фондот за иновации и технолошки развој и УНДП (Програма за развој на Обединетите Нации)

Повикот е отворен е за сите домашни компании а решенијата треба да придонесат и кон забрзување на економско опоравување од последиците предизвикани од пандемијата на КОВИД 19 на локално ниво и олеснување на почитувањето на мерките за превенција на ширење на вирусот.

Апликантите треба да развијат Е-платформа која ќе ги интегрира решенија за  Воспоставување на електронски систем за наплата на давачките кон општината, Воспоставување на систем за електронско плаќање на сметки кон јавните претпријатија, Електронски систем на волонтери и Онлајн платформа за општински форум.

-Се очекува избраното решение да биде искористено од страна на различни категории на граѓани од различни возрасни структури, без ограничување, со јасни и разбирливи инструкции за користење, велат од ФИТР.

УНДП ги обезбедува средствата за повикот – 4 милиони денари, а спроведувањето му е доверено на Фондот и ќе се врши со користење на успешно воспоставените процедури и капацитетите на ФИТР.

Преку ФИТР се обезбедува финансирање до 100 отсто од вкупниот буџет за проектот, во максимален износ од 75.000 американски долари во денарска потиввредност со вклучени трошоци за надзор во износ од 10 отсто од вкупниот оперативен буџет на проектот. Е-Платформата треба да биде изработена за максумум 30 дена, а еден апликант треба да даде понуда за сите четири решенија кои треба да бидат спроведени во сите пет пилот општини.

Степенот на технолошкиот напредок и степен на дигитализација, квалитет на проектот, капацитет на проектниот тим и влијание се главните критериуми според кои ќе се оценуваат предлог проектите.

Избраните дигитални алатки во оваа прва фаза ќе се имплементираат во 5 пилот општини: Центар Жупа, Боговиње, Свети Николе, Прилеп и Куманово кои се селектирани преку Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) насочена кон поддршка на државата за справување со ефектите од КОВИД-19, како и спроведување на брза и сеопфатна социо-економска анализа за ефектите од пандемијата и утврдување на можности за побрзо опоравување на локално ниво.

Од ФИТР очекуваат решенијата да бидат изготвени, но и имплементирани до крајот на годинава, а целосно бесплатно ќе бидат достапни и за останатите општини кои ќе изразат подготвеност и желба.

МИА

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:апликацијаДигитализација на општинитеповикпродолжен рокФИТР
Претходен напис Отворен производствениот капацитет на првата лиценцирана компанија за одгледување канабис за медицински цели, иневстицијата над 16 милиони евра
Следен напис Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја продлабочува соработката со Платежните Агенции членки на ЕУ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?