Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ФИТР и ИНОФЕИТ со соработка за зајакнување на дигиталната трансформација на македонската економија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ФИТР и ИНОФЕИТ со соработка за зајакнување на дигиталната трансформација на македонската економија
Агровести

ФИТР и ИНОФЕИТ со соработка за зајакнување на дигиталната трансформација на македонската економија

Објавено 07/05/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Фондот за иновации и технолошки развој и Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ, денес потпишаа договор за соработка со цел унапредување на дигиталната трансформација и иновацискиот капацитет на македонските компании.

Со оваа соработка, ФИТР ќе го преземе кофинансирањето на проектот ИНОФЕИТ ЕДИХ (европски дигитален иновациски хаб), кој претставува водечка платформа за дигитална трансформација, иновации и технолошки развој во Македонија. Проектот ќе се спроведува од страна на конзорциум предводен од ИНОФЕИТ. Целта е да се обезбеди стратешка поддршка за микро, мали и средни претпријатија и јавни институции, унапредување на нивната конкурентност преку користење на напредни дигитални технологии.

„Овој договор претставува ново поглавје во заедничките напори за развој на одржлива, конкурентна и технолошки напредна економија, преку здружување на развојните политики, инфраструктура и знаење на ФИТР и ИНОФЕИТ. Денес отвораме нови хоризонти за нашите компании да добијат пристап до најсовремени технологии, обуки и финансии – тоа што им е потребно за да растат и да бидат конкурентни. Верувам дека токму преку ваквите партнерства градиме нова, дигитална, иновативна и европска економија” изјави Никола Додов, вд директор на Фонд за иновации и технолошки развој.

„Со денешниот договор се обезбедува национално кофинансирање на ИНОФЕИТ ЕДИХ за 2025 и 2026 со што нашата држава покажа дека цврсто стои зад напорите за дигитална трансформација, поддршка на иновациите и зголемувањето на конкурентноста на нашите компании. Поддршката од државата е доказ за визијата и препознавањето на капацитетите на ИНОФЕИТ и неговата улога во процесот на зголемување на иновативноста и развојот на дигитални услуги во македонското општество. Изразувам голема благодарност до ФИТР за поддршката на проектот” изјави проф. Димитар Ташковски, директор на ИНОФЕИТ.

„Нашиот центар за трансфер на технологии и иновации уште еднаш покажа дека е лидер во македонскиот иновациски екосистем со добивањето на проектот за воспоставување на првиот ЕДИХ во Македонија. Кофинансирањето од ФИТР е суштинско за непречено одвивање на проектните активности и спроведување на проектните цели во насока на дигитална и зелена трансформација на нашето општество. Воспоставувањето на инфраструктура како ЕДИХ е значаен чекор кон напорите за доближување до европските практики за развој на иновации и трансфер на технологии” изјави проф. Владимир Атанасовски, декан на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ).

Во рамки на својата мисија, ИНОФЕИТ ЕДИХ нуди услуги како што се: тестирање пред инвестирање – пристап до лаборатории и дигитални алатки за експериментирање со иновативни технологии, развој на дигитални вештини – обуки и тренинзи во клучни технолошки области како вештачка интелигенција, сајбер-безбедност, роботика. ИНОФЕИТ ЕДИХ исто така обезбедува поддршка за пристап до финансии – помош при идентификација и искористување на можности за финансирање преку грантови, европски фондови и инвеститори и вмрежување и градење на иновациски екосистем – организирање на настани и хакатони за поттикнување на соработка и размена на знаење.

ИНОФЕИТ ЕДИХ е дел од европската мрежа на дигитални иновациски хабови, ко-финансиран од Европската комисија преку Програмата за дигитална Европа 2021–2027 и Владата на Република Македонија. Во следните четири години, центарот ќе обезбеди над 300 бесплатни услуги во вредност од 2 милиони евра, насочени кон дигитализација и технолошки напредок.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ИНОФЕИТмакедонската економијасоработкатрансформацијаФИТР
Претходен напис Тошоците на живот во април на годишно ниво зголемени за 2.6 %, а цените на мало за 2.7 %
Следен напис На 54 здруженија доделени договори во вкупен износ од 10.094.050 денари, ги поддржуваме локалните манифестации
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?