Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ФИТР: Десет стартап компании ќе ги пласираат своите иновативни производи на полиците низ маркетите „Тинекс“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ФИТР: Десет стартап компании ќе ги пласираат своите иновативни производи на полиците низ маркетите „Тинекс“
Агровести

ФИТР: Десет стартап компании ќе ги пласираат своите иновативни производи на полиците низ маркетите „Тинекс“

Објавено 27/07/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вкупно 10 стартап компании ќе ги пласираат своите иновативни производи на полиците низ маркетите „Тинекс“, во рамките на предизвикот „Стартап Херои”- Од супер идеја до супер маркет, кој го реализираше Фондот за иновации и технолошки развој.

Како што информираат од ФИТР, „Стартап Херои”, кој е реализиран во соработка со корпоративниот партнер „Тинекс маркети“, поддршката од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) на Швајцарската агенција за развој и соработка и Фактор траст – финансиско друштво за факторинг, им овозможи на избраните производи да се најдат на посебно обележани полици до крајот на годината, на однапред дефинирани продажни локации со соодветна помош при изготвување на маркетинг кампања за промоција и дополнително вклучување во интегрираната дигитална маркетинг комуникација на ланецот на маркети.

– Избраните прозиводи кои за прв пат ќе добијат можност да се продаваат во маркетите се на компаниите: Бејкинг Фектори, Евал, Матриошка, Плант Инжинеринг, Про-Фитр ВИС, Кинадо, Хелтиш, Скуп, Пивара Бакрески и Фила Козметик – стои во соопштението од ФИТР.

Вкупниот буџет предвиден за предизвикот изнесува 7 милиони денари, од кои ФИТР обезбеди шест, а ИМЕ еден милион денари, со максимален износ по апликација од 600.000 денари.

Како што информираат од ФИТР, на јавниот повик кој бил отворен од 22 април до 25 мај годинава во финална селекција влегле 22 компании кои ги презентирале своите производи пред Комисијата за оценување и избор која се состоела од експерти од областа на предизвикот, од областа на развој на бизнис и/или маркетинг и продажба и по еден експерт од Тинекс, ИМЕ и ФИТР.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ТинексФИТР
Претходен напис Во следните денови портокалов метео аларм, температури и над 40 степени
Следен напис (ВИДЕО) „Договорно производство на органска пиперка“- Поголема и сигурна заработка, еве што треба да знаете!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?