Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Фискалниот совет предупредува дека државата троши премногу пари за пензии
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Фискалниот совет предупредува дека државата троши премногу пари за пензии
Агровести

Фискалниот совет предупредува дека државата троши премногу пари за пензии

Објавено 11/03/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Фискалниот совет предупредува дека државата троши премногу пари за пензии. Тие препорачуваат овие трошоци да се намалат под 30 отсто од буџетот. Во спротивно, државната каса на долг рок ќе стане нестабилна.

Првиот човек на фискалниот совет Глигор Бишев вели дека во краткиот период од година и пол работење, советот утврдил дека фискалната стратегија се уште не ја игра улогата на стратешки документ што треба да е сидро за макроекономските и развојните политики на земјата, а стратегијата често се менува, дури и на годишна основа. 

Фискалниот совет ја поддржува одлуката на Владата јавните инвестиции да бидат 5 отсто од БДП. Ако парите не се искористат, тие не треба да се пренаменуваат за други трошоци. Наместо тоа, треба да останат за инфраструктурни проекти или да се вложат во посебен фонд за инвестиции. Од друга страна, министерката за финансии се пофали дека економските показатели за минатата година биле над проектираните. Така, буџетскиот дефицит наместо прогнозираните 4,9, изнесувал 4,4 проценти, а намалување е забележано и кај јавниот долг.

Сепак, директорот на Светска банка за Косово и Македонија Масимилијано Получи забележа дека јавниот долг значителни се зголемил и сега е на 62,4 проценти од БДП и е 14 проценти над нивото од пред пандемијата, што се должи на постојани фискални дефицити од пандемијата. Фискалниот совет, кое е независно тело, формирано од експерти, за да и се помогне на владата во фискалните политики, бара да се пресмета како новите закони и мерки ќе влијаат врз буџетот.

Тие предлагаат и воведување ново правило за контрола на јавните расходи. Исто така, препорачуваат да не се менуваат финансиските приоритети пред избори.

Извор – 24ТВ

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:експертипарипензии
Претходен напис Договорно производство: „Кристал 1923“ ги повикува производителите на СОНЧОГЛЕД да склучат договори за откуп
Следен напис Во струмичко пролетната зелка се откупува по РЕКОРДНА ЦЕНА, за килограм се плаќа повеќе од едно евро
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?