Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Филип Николовски во „Бизнис-клуб“: „Министерството за финансии треба да биде олицетворение на професионализмот“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Филип Николовски во „Бизнис-клуб“: „Министерството за финансии треба да биде олицетворение на професионализмот“
Агровести

Филип Николовски во „Бизнис-клуб“: „Министерството за финансии треба да биде олицетворение на професионализмот“

Објавено 30/10/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб“ со Бранко Азески гостин е Филип Николовски, сопственик на култната кафеана „Уранија“ во Скопје и експерт со долгогодишно искуство во финансиите и инвестициското банкарство, човек кој имал можност да ги види разликите во работењето на јавниот и приватниот сектор. Тема на дискусијата во поткастот се состојбите во банкарскиот систем и реформите во пензискиот систем.

Професионалната кариера  Николовски ја започнал во „Автомобиле СК“, како менаџер за маркетинг, а потоа преминал со работа во „Комерцијална банка“ како финансиски аналитичар.

Во поткастот  го сподели своето  искуството од раководењето со КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, реформа поддржана од две политички различни влади, токму поради нејзиниот значај за граѓаните и државата. Истакна дека во периодот на неговото раководење со Друштвото, вредноста на средствата на двата отворени пензиски фонда пораснале од 80 на 450 милиони евра.

Во својата професионална кариера Николовски ја извршувал и функцијата заменик-министер за финансии, во периодот од 2022 до 2024 година. Запрашан за тоа искуство, истакна дека секоја влада остава свој печат, но изрази жалење дека во нашата држава најчесто се паметат само негативните или незавршените работи. Потенцираше дека функцијата ја прифатил од патриотски причини и работел професионално, верувајќи дека може да придонесе за државата преку своето долгогодишно знаење и искуство од областа на финансиите.

„Да се носи државен дрес во државната управа сметам дека е патриотизам, како што е патриотизам  да се плаќаат даноци и да се фрла отпадот на вистинското место. Не е патриотизам само тоа какво знаме вееш и дали ја пееш химната“, изјави Николовски.

Во продолжение на поткастот, тој зборуваше за состојбите во Министерството за финансии, нагласувајќи ја неговата институционална моќ. И покрај големиот број вработени во институцијата, според него, малкумина од нив се вистински професионалци во своето работење. Како клучни фактори за подобрување на состојбата ги наведе подобрувањето на работните услови и обезбедувањето солидна плата со цел привлекување професионалци во работењето. Според Николовски, за да се работи во Министерството за финансии, кое претставува срцето и моторот на секоја извршна власт – потребни се стручно знаење, компетентност, голем ангажман и посветеност.

Во поткастот Николовски откри и детали за личниот живот: како започнал со управувањето со кафеаната „Уранија“, за своите планови за Крушево, од каде што потекнува неговото семејство, и за Охрид – родниот крај на неговата сопруга. Сподели и за своите хобија, љубовта кон скијањето и планинарењето, како и за предизвиците од водењето на бизнисот.

Стопанска комора

Може да ви се допадне

Редовно наводнување на културите и почитување на препораките за работа на отворено, препорачуваат агрометеоролозите
Топлотен бран во Грција, се очекуваат температури над 40 степени
На „Богородица“ и „Дојран“ за излез од државата се чека 40 минути
Состанок со производителите и со дистрибутерите за продажните и набавните цени на основните производи
Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Таг:Бизнис-клубпрофесионализмотФилип Николовскифинансии
Претходен напис Германската економија и натаму стагнира, „Фолксваген“ објави нето загуба од 1.072 милијарди евра во третиот квартал
Следен напис „Гунвор Груп“ го презема меѓународниот бизинс на „Лукоил“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?