Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Фауната на Охридското Езеро збогатена со уште три вида досега незабележани и неидентификувани ракчиња и полжави
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Фауната на Охридското Езеро збогатена со уште три вида досега незабележани и неидентификувани ракчиња и полжави
АгровестиШумарство и водостопанство

Фауната на Охридското Езеро збогатена со уште три вида досега незабележани и неидентификувани ракчиња и полжави

Објавено 12/07/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Два нови вида ракчиња се откриени при истражување спроведено на локалитетот кај изворите во Свети Наум во водите на Охридското Езеро.

Станува збор за досега незабележани и неидентификувани два вида ракчиња и еден род на гастроподи (полжави).

Првиот од двата новооткрени видови полжави е именуван како Ancylus naumiensis n. sp., вид кој за прв пат беше забележан во 1996 како „Ancylus sp. D“, но не беше потврдена неговата посебност и карактеристики на нов вид, заради недостиг на морфолошко-таксономски податоци.

Уште поголемо е значењето и откритието за вториот вид – Ohridonaumia trajanovski n. sp кој е целосно новоопишан, и тоа не само како вид туку и како род кој за прв пат се спомнува за изворите кај Свети Наум. Уште еден куриозитет за овој вид е неговата номенклатура, односно видот е именуван според Проф. Др. Сашо Трајановски, еминентен и истакнат научен работник од Хидробиолошки институт во Охрид, во чест на неговата двеиполдецениска посветена заложба за заштита и промоција на Охридското Езеро и неговиот уникатен жив свет.

Новот научно откритие повторно ја потврдува и изнесува на виделина извонредната биолошка разновидност со која се одликува овој уникатен екосистем.

Откривањето нови видови е резултат на повеќегодишно истражување, спроведено во рамки на проектот „Извори Св. Наум – Биолошка и Инвенторизација на екосистемските услуги“, финансиски поддржан од УНЕСКО Канцеларијата за образование и наука во Венеција и добротворната „abrdn“ фондација.

Идентификацијата на новите видови е направена во соработка со Универзитетите во Белград, Подгорица и Лоџ (Полска) и вклучуваа морфолошки и генетски испитувања.

Описот и на двата вида, нивната ендемска природа и посебност повторно покренуваат низа научно-интригантни прашања за нивната еволутивна генеза но и улога во деликатната рамнотежа на овој воден систем. Истите ја потврдуваат посебноста на изворите како извонредна природна креација и ја потенцираат потребата за нивна неодложна и долгорочна заштита.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:охридско езеро
Претходен напис Кои домашни животни се најчувствителни на екстремни температури и како да им се помогне?
Следен напис Болести кај гравот – ако навреме се преземат превентивни мерки, ризикот од појава на болести е многу помал
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?