Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ФАО: Симулациска вежба за спречување на чума кај малите преживари во Северна Македонија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ФАО: Симулациска вежба за спречување на чума кај малите преживари во Северна Македонија
Агровести

ФАО: Симулациска вежба за спречување на чума кај малите преживари во Северна Македонија

Последна измена: 27/03/2025 11:05
Сподели
5 мин. за читање
Сподели

Симулациска вежба за појава на болеста чума кај мали преживари (Peste des petits ruminants) завршува денес во Северна Македонија. Вежбата беше организирана од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на Северна Македонија со поддршка од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) и експерти од Агенцијата за безбедност на храна на Бугарија.

Чумата кај малите преживари е високо заразна вирусна болест која ги погодува козите, овците, друг ситен добиток и дивите животни. Симптомите кај засегнатите животни вклучуваат висока температура и депресија, проследени со исцедок од очите и носот. Животните не можат да јадат, бидејќи нивната уста се покрива со болни рани, а истовремено страдаат од тешка пневмонија и дијареја. Откако еднаш ќе навлезе, вирусот може да зарази 90 до 100 проценти од подложната популација. Иако стапката на смртност варира, во тешки случаи може да достигне од 50 до 100 проценти. Оваа болест е тесно поврзана со вирусот на чума кај говедата (rinderpest), кој беше прогласен за искоренет на глобално ниво во 2011 година. Додека чумата кај говедата е успешно елиминирана, напорите за контрола и конечно искоренување на оваа смртоносна болест кај малите преживари продолжуваат.

Појавата на чумата кај малите преживари во Европа, вклучително во Бугарија, Грција, Романија и Унгарија, ја нагласува потребата од превенција и контрола на оваа болест.

Директорот на АХВ, Оливер Миланов, на отворањето на симулациската вежба ја нагласи важноста на вежбата за превенција и за проценка на ефикасноста на постојниот систем за заштита од болеста. Тој посочи дека болеста од минатата година е присутна во регионот и пошироко во Европа, и дека АХВ веднаш го активираше алармот за сериозен и координиран пристап кон нејзината превенција.

„Засега успеваме заеднички да се заштитиме од болеста, која многу брзо и лесно може да ја зафати и нашата земја – особено во услови на динамична економија во европски и глобален контекст. Досега потврдивме извонредна, блиска и професионална соработка со сите чинители вклучени во системот за заштита од појава и ширење на чумата кај малите преживари – болест од А категорија, која бара спроведување на највисоки стандарди и мерки за заштита,“ изјави Миланов.

Обраќајќи се на работилницата, Еран Раизман, ФАО експерт за здравје на животните во сточарството, истакна дека „чумата кај малите преживари претставува една од најголемите економски закани за фармерите кои се потпираат на малите преживари за својата егзистенција. Оваа обука ја зајакнува свесноста за болеста, обезбедува знаење за надзор, рано предупредување и системи за пријавување, како и добри практики за биосигурност, кои се клучни за нејзина превенција и сузбивање. Мултисекторски партнерства и координација со сите засегнати страни се неопходни за да се обезбеди искоренување на оваа болест.“

Во тридневната симулациска вежба учествуваа претставници од АХВ, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ветеринарната комора на Северна Македонија, Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје, експерти од Европската унија и членови на Сојузот на здруженија на одгледувачи на овци ’’Модерен овчар”.

Првиот ден, во просториите на Факултетот за земјоделски науки и храна, се одржа  теоретско-практичен дел од симулациската вежба, посветен на презентации за болеста, клиничките знаци, земањето и пакувањето на примероци, надзорот и методите за сузбивање. Учесниците, исто така, добија преглед на искуствата на земјите од регионот кои се соочиле со оваа болест.

Вториот ден во с. Брњарци, општина Гази Баба, се одржа теренскиот дел од вежбата, посветен на практична примена на различни процедури, како што се клинички преглед, земање на примероци, истражување на појава на жариште на болеста, како и активности поврзани со отстранување на угинати животни, чистење и дезинфекција по појава на болеста.

Последниот ден ги сумираше наодите и препораките за подготвеност, вклучувајќи дискусија за психолошката поддршка на фармерите и ветеринарите за време на епидемии, како и измените во националниот план за итни мерки.

Вредноста на овие вежби надминува едноставното идентификување на слабости во подготвеноста. Тие претставуваат и моќни методи за градење капацитети и создавање можности за ветеринарниот персонал да ги унапреди своите вештини. Слична симулациска вежба беше спроведена во периодот од 10 до 11 март 2025 година со поддршка на ФАО, во соработка со АХВ, со фокус на африканската свинска чума – смртоносна болест на свињите и дивите свињи, која е присутна во регионот.

Може да ви се допадне

Поскапуваат горивата
Трибина на АХВ во Гостивар за заштита од болеста чума кај овците и козите
Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење
Влада: Над 9 милијарди денари за земјоделците
Состојба на патиштата
Таг:преживарисимулациска вежбаспречувањеФАОЧума
Претходен напис НАЈК ПРОМ ДООЕЛ: Расадосеалки од полскиот производител AGRO-OSEK – Робусни, Висококвалитетни, Ефикасни
Следен напис Што носи платежниот европски систем СЕПА за фирмите и за граѓаните?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?