Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Европската Унија во 2020 година извезла повеќе од 6 милиони тони свинско месо
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Сточарско производство > Европската Унија во 2020 година извезла повеќе од 6 милиони тони свинско месо
Сточарско производство

Европската Унија во 2020 година извезла повеќе од 6 милиони тони свинско месо

Објавено 09/03/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Според податоците на Европската комисија, минатата година Европската Унија забележила успех во однос на извозот на свинско месо – извезла 6,31 милиони тони, вклучувајќи ги и нуспроизводите.

Во споредба со податоците од 2019 година, тоа е зголемување за 12,9%. Како главна причина за зголемениот извоз првенствено се наведува порастот на испораките во Кина, но и Брегзит, поради што почна да се пресметува и извозот во Велика Британија, пишува Топ аграр. Ако се исклучи трговијата со Обединето Кралство, извозот на свинско месо на годишно ниво се зголемил за дури 18,8% на 5,43 милиони тони, што е нов рекорд.

Секој втор тон е испратен во Кина?

Минатата година, извозниците на свинско месо забележале зголемување на приходите на 14,92 милијарди евра, што е пораст за 2,16 милијарди евра во споредба со 2019 година. Вредноста на работењето со Кина изнесувала вкупно 7,13 милијарди евра, што претставува пораст за високи 53,6% во споредба со претходната година, кога биле продадени 3,35 милиони тони. Тоа би значело дека речиси секој втор тон е испорачан во Кина.

По оваа азиска земја, најважниот купувач на овој вид месо била Велика Британија. Иако податоците сè уште не се целосно достапни, се наведува дека испораките во таа земја се намалиле за 13% и изнесуваат 881.000 тони. Забележен е пад на продажбата и кај други важни купувачи како Јапонија, каде што биле извезени 360.000 тони, Јужна Кореја со 195.000 тони, а извозот на Филипините се намалил за повеќе од 30% и изнесувал 153.000 тони.

Од друга страна, значително повеќе свинско месо и нуспроизводи се продадени на Хонгконг, со пораст од речиси 40% на 283.600 тони. Исто така, зголемен е и извозот во Србија, Брегот на Слоновата Коска и во Канада.

Шпанија најмногу профитирала од зголемената побарувачка од Кина. Според ЕК, таа земја го зголемила извозот за 53,2% во однос на 2019 година и тоа на 1,92 милиони тони.

И покрај забраната за извоз поради африканската свинска чума, Германија успеала да го задржи второто место меѓу извозниците со 1,06 милиони тони, но сепак се соочила со пад од 14,1%, поточно 174.000 тони, пренесува agroklub.rs.

Може да ви се допадне

59-та Директорска конференција на Платежни агенции од Европска унија
Пореметувања во однесувањето кај свињите: гризење на опашките, канибализам и нервоза – причини, последици и превенција
Каде исчезнаа еден милион овци и илјадници говеда за 10 години?
Правилна изградба и вентилација на шталата за поголема продуктивност на кравите
Модерен овчар: Сточарите знаат да прават притисоци ама знаат и да се заблагодарат
Таг:Европска унијасвинско мес
Претходен напис Земјоделски календар за месец март – овчарство и козарство
Следен напис Висина на субвенциите за 2021 година за градинарски култури
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?