Поради тешката ситуација во земјоделството, здружението на европските земјоделци Copa Cogeca предупреди дека лошите временски услови низ ЕУ негативно се одразиле на овогодинешното производство на житарки, а во комбинација со други нарушувања на пазарот, тоа ќе доведе до огромен пад на профитабилноста на речиси сите европски производители.
Затоа ја повикаа Европската комисија годинава да биде флексибилна во спроведувањето на ЗЗП, за да не се доведе во прашање пристапот на земјоделците до основната поддршка. Беше побарано и продолжување на суспензијата на увозните давачки за амонијак и уреа и негово проширување на други минерални ѓубрива, како и суспензија на антидампинг мерките.
Вкупното производство на маслодајни и протеински култури и покрај драматичните ситуации во Шпанија и Италија, барем засега останува стабилно. Сепак, за житарките ситуацијата е крајно загрижувачка. Со очекуваното производство од 256 милиони тони, велат дека тоа најверојатно ќе биде најлошата жетва од 2007 година, бидејќи сегашните проценки покажуваат дека производството е 10 отсто под просекот во последните 5 години.
Наведуваат и дека од анализата на Copa Cogeca на почетокот на мај веќе станало јасно дека некои земји членки, како Шпанија, Португалија или Северна Италија, ќе претрпат сериозни загуби во производството на жито (до 50 проценти).
Според сегашните прогнози се очекува сериозно намалување на производството, особено на житарките, не само во Шпанија, Португалија или Италија, каде тие се и до 60 отсто помали во однос на 2022 година, туку и во целата ЕУ. На пример, Романија 20%, Финска 30%, Полска 14%, Литванија 35% помалку во споредба со прогнозата од мај.
Дополнителен удар за пазарот на житарки може да биде одбивањето на Русија да го обнови Црноморскиот договор за жито, кој истече на 17 јули, што може да донесе дополнителни пореметувања на пазарот на ЕУ, доколку пченицата и другите житарки од Украина дополнително се излеат на пазарот на ЕУ и влијаат на натамошен пад на цените.
Од Copa Cogeca предупредуваат дека европските земјоделци се соочуваат со двоен удар бидејќи толку ниското производство е комбинирано со многу високи цени на инпутите и ниски идни цени за сите култури. Со високите цени на енергијата и тековната општа инфлација, од клучно значење е, додаваат, да се напомене дека ѓубривата користени за реколтата 2023 година се купени кога цените биле највисоки во текот на 2022 година.
Со сегашните многу ниски идни цени на житарките од 219 евра/тон пченица за мелење и 407 евра/тон за маслодајна репка, ова создава ситуација која е едноставно неодржлива за повеќето земјоделци, како што веќе покажаа примерите на Франција и Шведска.
Европската Унија ќе има најлоша жетва од 2007 година