Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Европската Унија ја потврди успешната реализација на дигиталните реформи во Македонија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Европската Унија ја потврди успешната реализација на дигиталните реформи во Македонија
Агровести

Европската Унија ја потврди успешната реализација на дигиталните реформи во Македонија

Објавено 18/10/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за дигитална трансформација ја поздравува одлуката на Европската комисија за одобрување на второто ослободување средства за Република Македонија во рамките на Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан, во вкупен износ од 16 милиони евра.

Европската комисија во рамките на сопствената техничка процена оцени дека четири реформи се успешно реализирани, од кои три се во областа на дигиталната трансформација, што претставува значајно признание за реформските процеси предводени од Министерството за дигитална трансформација.

Овие активности опфаќаат:

  • Усвојување на Законот за безбедност на мрежи и информациски системи, целосно усогласен со европската директива за сајбер-безбедност (NIS2);
  • Усвојување на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, со кој се воведува европскиот модел на дигитален идентитет;
  • Донесување на Законот за архивски материјал, со кој се воспоставува правна рамка за електронско архивирање во јавната администрација.

„Оваа одлука претставува конкретна потврда дека европските институции ја препознаваат и поддржуваат нашата работа во насока на создавање безбедна, поврзана и модерна дигитална држава. Реализираните закони поставуваат темели за долгорочна трансформација на јавната администрација и создавање подобри, побрзи и посигурни услуги за граѓаните,“ изјави Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

Од вкупниот износ, 7,4 милиони евра се исплаќаат директно во државниот буџет, додека преостанатите средства се наменети за инфраструктурни проекти преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF).

Министерството за дигитална трансформација ќе продолжи со реализација на останатите реформски активности утврдени во рамките на Инструментот за реформи и раст, со цел целосно усогласување на националните политики со европската дигитална агенда и рамката на Дигиталната декада 2030.

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:андоновскидигитализацијаевраСтефан
Претходен напис Александар од Заполжани ќе ора со нов трактор СОЛИС 90 и четворобразден плуг – Алплер
Следен напис Десет нови авиолинии од Скопје и Охрид – Македонија добива директни врски со Мадрид, Базел, Прага и уште неколку европски градови
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?