Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Европската Комисија предлага реформа на прехранбениот систем на ЕУ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Европската Комисија предлага реформа на прехранбениот систем на ЕУ
Агровести

Европската Комисија предлага реформа на прехранбениот систем на ЕУ

Објавено 20/05/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со еден месец задоцнување поради кризата со коронавирусот, Европската Комисија денеска ја објави стратегијата „Од фарма до виљушка” за поодржлив прехранбен систем во Европската Унија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Стратегијата “Од фарма до виљушка” (Ф2Ф) предвидува, меѓу другото, намалување на употребата на пестициди и антибиотици за 50 отсто во земјоделската активност и постигнување на 25 отсто на земјоделско земјиште посветено на органскиот начин на производство на храна во ЕУ.

Европската Комисија се надева дека новите препораки за земјоделството и исхраната ќе овозможат транзицијата кон одржлив европски прехранбен систем кој ќе овозможи и безбедност на храната, и поздрава исхрана на европските граѓани.

За оваа цел земјоделците и рибарите ќе добијат посебна поддршка од заедничката земјоделска политика на ЕУ преку еко-фондови за транзиција кон поодржлив начин на практикување на нивната работа.

Истовремено, Комисијата денеска ја презентираше и својата стратегија за биодиверзитетот.

Соочена со огромен пад на природниот диверзитет и притисок од граѓанското општество за посмели мерки за зачувување на биодиверзитетот и климата, Европската Комисија денеска предлага да се воведат јасни цели за намалување на загадувањето на почвата и градење позелени градови.

ЕК смета дека до 2030, европските почви и мориња треба да бидат претворени во заштитени подрачја, а најмалку десет отсто од земјоделските подрачја да вратат висока стапка на биодиверзитет.

Дваесет милијарди евра се предвидени годишно за проекти за зачувување на биодиверзитетот преку ЕУ фондови, како и преку национални и приватни шеми на финансирање, истакна ЕК.

-Коронавирусот покажа колку сме ранливи и колку е важно да се врати рамнотежата помеѓу човечката активност и природата. Климатските промени и загубата на биодиверзитетот се јасни и претставуваат опасност за човештвото, изјави на прес конференција денеска Франс Тимерманс, потпретседател на ЕК задолжен за Зелениот договор.

Комесарката за здравство, Стела Кириакидес, додаде дека прехранбената стратегија презентирана денеска ќе направи позитивна разлика во начинот на кој се произведува и консумира храната во ЕУ.

-Ова е прилика да ги помириме нашите прехранбени системи со здравјето на нашата планета, да обезбедиме прехранбена сигурност и да ги исполниме барањата на Европејците за здрава, фер и еколошка исхрана, рече Кириакидес.

Граѓанските организации за заштита на животната средина меѓутоа оценија дека стратегијата не е доволно амбициозна, меѓу другото поради фактот што не посветува доволно внимание на намалувањето на консумацијата на месо.

Стратегијата сега треба да биде дебатирана и одобрена од Европскиот Парламент и од земјите членки.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:EKНови препораки за земјоделство и хранаОд фарма до виљушкаРеформи на прехрамбениот систем
Претходен напис Невреме и врнежи од град и во Косово
Следен напис Внимание: Започнува нестабилно време во Македонија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?