По повод Меѓународниот ден на жената, Европската комисија претстави „Платформа за жени во земјоделството“ – иницијатива што има за цел да ги охрабри жените во земјоделството и да ги зајакне нивните можности во руралните заедници. Ова е особено важно, имајќи во предвид дека Обединетите Нации ја прогласија 2026 година за Меѓународна година на жената земјоделец. Целта на Платформата е да се зголеми бројот на жени, како и нивниот придонес во земјоделството.
Жените во земјоделството се клучни за иновации и одржливост, но се сè уште недоволно застапени: само 32% од фармите во ЕУ се управувани од жени, а само 3% од нив се под 40 години.
Платформата ќе поттикнува менторство вклучувајќи и трансгранично менторство, размена на искуство и создавање мрежи меѓу жените земјоделки, ќе ги истакнува успешните примери од кои останатите можат да учат и ќе обезбедува практично искуство.
Преку поддршка, менторство и истакнување на успешните жени земјоделки ќе се смени перцепцијата дека земјоделството е машки сектор. Кога младите жени ќе видат дека други управуваат фарми и водат рурални бизниси, полесно можат да се замислат во тие улоги.
Новата платформа ќе ги поддржи заложбите на ЕУ за родова еднаквост, ќе ги зајакне руралните заедници и ќе поттикне генерациско обновување.
подобрување на родово-диспергираните податоци, ЕУ се стреми да обезбеди еднакви можности, да зајакне руралните заедници и да го охрабри новото поколение жени земјоделки.
Иднината на европското земјоделство е инклузивна, напредна и со еднакви шанси. Откријте како да се приклучите на Платформата за жени во земјоделството.
Линк: https://agriculture.ec.europa.eu/overview-vision-agriculture-food/women-farmers_en
