Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Европската комисија ја претстави иницијативата за Рурален пакт
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > Европската комисија ја претстави иницијативата за Рурален пакт
Рурален Развој

Европската комисија ја претстави иницијативата за Рурален пакт

Објавено 06/01/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Европската комисија ја започна иницијативата за рурален пакт најавена во долгорочната визија за руралните области на Европската Унија. Таа има за цел да ги мобилизира јавните власти и учесниците да дејствуваат во согласност со потребите и барањата на овие области и заедници.

На тој начин ќе се создаде заедничка рамка за соработка и ангажирање на национално, регионално и локално ниво во Унијата. Оваа иницијатива за прв пат беше претставена во јуни 2021 година. Како што е наведено на официјалната веб-страница на Европската Унија, отворена покана да се приклучат на дискусијата за Рурален пакт до членовите испратиле потпретседателката за демократија и демографија на ЕК Дубравка Шуица, комесарот за земјоделство и рурален развој Јануш Војчечовски и комесарот за кохезија и реформи, Елиса Фереира. Тие ги повикуваат сите заинтересирани страни да ја изразат својата посветеност на целите и визијата и активно да учествуваат во развојот и имплементацијата.

Долгорочната визија, во консултација со граѓаните и засегнатите страни од руралните средини, ги идентификува итните предизвици и истакнува некои од најперспективните можности достапни за сите за да ги направат руралните области посилни, поповрзани, поотпорни и попросперитетни.

Во руралните области на ЕУ живеат 137 милиони луѓе, што претставува речиси 30 отсто од нејзиното население и над 80 отсто од нејзината територија. Во последните децении и тие беа погодени од бројни промени, проблеми и предизвици. Затоа, целта е да им се помогне, да се идентификуваат средства за подобрување на квалитетот на животот, да се постигне рамномерен територијален развој и да се стимулира економскиот раст.

Конференција во јуни 2022 година

Со почеток во декември 2021, па сѐ до јуни 2022 година, можно е приклучување на заедницата на Рурален пакт и да се споделат идеи и размислувања за нејзината имплементација и развој.

Исто така, планирана е конференција на високо ниво на Руралниот пакт во јуни 2022 година и тоа ќе биде можност да се соберат сите актери, да се одлучи како ќе се одвива комуникацијата помеѓу владите и засегнатите страни, да се споделат идеи и да се дефинираат активностите што треба да се спроведат.

Како што наведуваат на нивната веб-страница, Рурален акционен план на ЕУ вклучува неколку цели кои покажуваат посветеност на руралните заедници, кои ќе ја промовираат територијалната кохезија и ќе создадат нови можности за привлекување иновативни бизниси, ќе обезбедат пристап до квалитетни работни места, ќе промовираат нови и подобрени вештини, ќе обезбедат подобра инфраструктура и услуги и истакнување на улогата на одржливото земјоделство и разновидните економски активности.

Тука е и создавањето на иновативен екосистем, зајакнување на одржливите транспортни врски и дигитализација, зголемување на еколошката, климатската и социјалната отпорност и поддршка на економската диверзификација.

За повеќе детали посетете го седниот линк: https://ec.europa.eu

Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
РСЕ: Како лекарите да се вратат во селата?
Таг:рурален пакт
Претходен напис Пчелар осуден да плати 15.000 евра бидејќи неговите пчели каснале охриѓанец
Следен напис (Фото) Досетливите реклами на гевгелиска пиљара станаа хит: „Орев јак за стабилен брак“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?