Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Еврокомесарот Сежурне се залага за царини од 35,3 отсто за кинеските хибриди возила
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Еврокомесарот Сежурне се залага за царини од 35,3 отсто за кинеските хибриди возила
Агровести

Еврокомесарот Сежурне се залага за царини од 35,3 отсто за кинеските хибриди возила

Објавено 17/01/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Извршниот потпретседател на Европската комисија за просперитет и индустриска стратегија, Стефан Сежурне се залага кинеските хибридни автомобили да бидат опфатени со царинскиот режим на ЕУ, со што би се зголемиле царините за нивниот увоз во блокот, објави бриселски „Еурактив“.

Порталот, повикувајќи се на извори во Кабинетот на Сежурне, наведува дека во рамки на Европската комисија се дискутира за воведување на царини до 35,3 отсто за кинеските возила со комбинација на мотори со внатрешно согорување и електрични мотори, чиј увоз во ЕУ бележи зголемување во текот на минатата година.

Во моментов ЕУ наплатува царина од 35,3 проценти за увозот на електричните возила од Кина, која беше воведена во 2024 година откако истрагата на ЕК утврди дека субвенциите што им ги даваат кинеските власти на домашните компании ги поткопуваат позициите на европските производители на автомобили. Комисијата процени дека со овие „нефер субвенции“ кинеските автомобилски производители се стекнуваат со значителна предност на европскиот пазар на возила.

Со новата идеја на Сежурне сега се предвидува оваа царинска стапка од 35,3 отсто покрај за електромобилите да важи и за кинеските хибридни возила.

Европската комисија минатата недела издаде нови упатства со кои на странските компании им се овозможува да се обврзат дека возилата извезени во Европската Унија нема да ги продаваат под минимални утврдени цени, со што би избегнале дополнителни давачки. Дополнително, компаниите би имале поволности и ако се обврзат да инвестираат во ЕУ или да го ограничат својот извоз на европскиот пазар.

– Целта е да им се дадат насоки на кинеските извозници, кои можеби размислуваат да поднесат понуди за утврдување на цените за извоз на електрични возила во ЕУ, кои во моментов се предмет на компензациски давачки, изјави тогаш портпаролот на Комисијата, Олоф Гил.

Според него, Комисијата е подготвена да разгледа и други предлози под услов тие „соодветно да се справуваат со нефер конкуренцијата“ и да покажат дека се „изводливи во пракса“.

Пресметките на ЕУ покажуваат дека државните субвенции им овозможуваат на кинеските производители да ги продаваат своите возила на европскиот пазар за по околу 20 проценти пониски цени.

Како резултат на ова, ЕК донесе одлука за воведување на царините кои не важат само за кинеските производители, туку и за германски и американски компании што произведуваат електрични возила во Кина.

Како одговор на ваквите мерки, Кина воведе посебни царини за увозот на повеќе стоки од ЕУ, вклучително и за жестоки пијалаци, свинско месо и млечни производи. 

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:кинеските хибриди возилаСежурнецарини
Претходен напис Најмногу снег и најстудено на Попова Шапка
Следен напис Облачно и студено, од вторник кон крајот на денот врнежи од снег
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?