Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Еве кои услови и каква документација е потребна за 3000 евра неповратни средства од мерката „Рурална жена“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Еве кои услови и каква документација е потребна за 3000 евра неповратни средства од мерката „Рурална жена“
Субвенции

Еве кои услови и каква документација е потребна за 3000 евра неповратни средства од мерката „Рурална жена“

Последна измена: 26/11/2019 16:17
Сподели
8 мин. за читање
Сподели

Денеска Платежната агенција го објави Јавниот повик за доставување на барања за мерката 115 „Активен женски член во земјоделското домаќинство“, од Програмата за рурален развој за оваа година. Максималната финансиска поддршка е во износ од 180.000 денари или 3.000 евра во форма на грант.

Корисници на оваа мерка можат да бидат земјоделски стопанства чиј носител е жена, запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Барањата се поднесуваат електронски по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk

Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу 2 барања по различни мерки земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година.

Условите кои треба да ги исполнуваат барателите на средства се утврдени со:

  • Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година („Службен весник на Р.Македонија“ бр. 23/19, 32/19, 106/19, 113/19, 153/19, 181/19 и 232/19)
  • Закон за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Р.Македонија“ бр.49/10, 53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15, 88/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120/16, 163/16, 74/17, 83/18 и 27/19)
  • Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките за рурален развој („Службен весник на Р.Македонија“ бр. 124/11, 80/13, 35/16, 101/17, 162/18, 100/19 и 215/19) и
  • Правилникот за поблиските дополнителни услови за поддршката од мерките за рурален развој, прифатливите трошоци и висината на поддршката за прифатливите трошоци по корисник за поединечна мерка. („Службен весник на Р.Македонија“ бр. 124/11, 80/13, 72/14, 35/16, 59/16, 178/18, 77/19 и 214/19)

Барателите на финансиска поддршка потребно е да креираат електронско барање за финансиска поддршка со податоци за локација на инвестицијата, податоци за инвестицијата и електронски да ги прикачат потребните документите предвидени за мерка 115.

Барателите кои ги исполниле условите за користење на средства за мерка 115 се рангираат со бодување утврдено во Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките за рурален развој („Службен весник на Р.Македонија“ бр. 124/11, 80/13, 35/16, 101/17, 162/18, 100/19 и 215/19)

  • Барањата со ист број на бодови ќе се рангираат според датумот и времето на поднесување на електронското барањето на e-baranje.ipardpa.gov.mk
  • Барателите не смеат да започнат со реализација на инвестицијата пред потпишување на Договор за ко-финансирање со Агенцијата
  • Барањата кои не се поднесени електронски на e-baranje.ipardpa.gov.mk нема да се разгледуваат.

ПОДИГНУВАЊЕ НА ОБРАСЦИ И УПАТСТВА

Упатството за регистрација на барателите во системот за електронско поднесување на барање може да се превземе на почетната страна e-baranje.ipardpa.gov.mk. Упатството за корисници за поединечна мерка може да се превземе по започнување на креирање на барање за мерката. Упатството за корисниците може да се подигне на веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk, или може да се подигнат и директно во Агенцијата секој работен ден од 08:30 до 16:30 часот на адреса:

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

бул. „ 3-та Македонска бригада“ бр.20

(зграда на Македонија Табак блок Ц ) 1000 Скопје

НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИТЕ

Електронски пополнетите барања за финансиска поддршка потребно е да се превземе, испринта и потпише и заедно со целокупната пропратна документација да се достави до Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во затворен коверт на кој на предната страна во горниот лев агол стои Барање за финансиска поддршка и Архивски број на Барањето (0719-11516-ХХХХ/1). Барањето може да се достави по препорачана пошта или лично во писарницата на Агенцијата, во спротивно Агенцијата не превзема одговорност за ненавремено и некомплетно пристигнување во писарницата или предвремено отворање на барањето.

Крајниот рок за доставување на барањата е 25.12.2019 година.

Подетални информации на контакт тел. (02) 3097-460 или на контакт е-маил адреса: [email protected] и

на веб-страната: www.ipardpa.gov.mk.

Контакт:

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој,

Сектор за одобрување на проекти.

Телефон 02 3097-460, секој работен ден од 08:30 до 16.00 часот

E-пошта: [email protected]

ПРИФАТЛИВИ ТРОШОЦИ ЗА МЕРКА 115 ОД ПРОГРАМАТА ЗА РУРАЛЕН РАЗВОЈ

НАБАВКA НА ОПРЕМА ЗА ПОСТБЕРБЕНИ АКТИВНОСТИ, ПРЕРАБОТКА НА ФАРМА И ДИРЕКТЕН МАРКЕТИНГ НА ФАРМА

-Овошје и зеленчук вклучувајќи и компири печурки и мешункасти растенија

-Житарици млечни производи и производи од скроб

-Растителни и животински мати и масла

-Шира од грозје сок од грозје, вино оцет, маџун и др.

-Месо и месни производи

-Млеко и млечни производи( вклучувајќи јајца и живина)

  • Опрема за прием собирање и чување
  • Опрема за подготовка за сортирање, чистење миење сушење дезинфекција

Обложување со восок, сортирање , калибрирање, отстранување на оштетени плодови, детектирање на метал и стакло или други цврсти материјали.

  • Oпрема за пред –ладење, ладење и замрзнување. Опрема за сечење мелење и останата опрема за преработка пред преработка.
  • Опрема за филтрација, де-аерација,ферментација , стабилизација,сепарација, хомогенизација, пастеризација и стерилизација.
  • Резервоари танкови
  • Опрема за конзервирање , сушење, десикација, замрзнување
  • Опрема за флаширање, понење пакување и означување/етикетирање
  • Зашеметување, искрварување, опрема за горење и опрема за отстранување на внатрешни органи
  • Опрема за сечење и откостување
  • Лабораториска опрема и апарати за анализа на производот
  • Опрема за манипулација, утовар и истовар, виљушкари , транспорт –приколки, ладилници палети , приклучни возила за ладење, подвижни ленти,опрема за мерење и квалитет.
  • Опрема за следење на квалитетот, контрола системи со следливост на прием на производ, складирање и дистрибуција.
  • Третман на отпад, валоризација,опрема за ракување и складирање.
  • CIP опрема(clean in place)
  • Опрема за подобрување на стандардите,за благосостојба на животните, како што се редовен пристап за обезбедување на свежа вода, храна , сместување на животните пред колење.
  • Оперативни трошоци за маркетинг на преработки од примарни земјоделски производи.

Може да ви се допадне

Влада: Исплатени субвенции на над 70.000 земјоделци во вредност од над девет милијарди денари
ВО ТЕК Е ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА СУБВЕНЦИИ: Отворен e-барање системот за поднесување на Барање за директните плаќања за 2025 година
Трипуновски: Има голем интерес за мерката за враќање на младите во селата
Ребалансот на буџетот на седница на Влада, најавени повеќе пари за општините, за здравството, за повисоки плати, пензии, субвенции
Над осум милијарди денари исплатени субвенции за земјоделците
Таг:агенцијамеркаобрасцирурална женаслужбен весниксубвенцииупатства
Претходен напис 3000 евра неповратни средства за земјоделски стопанства чиј носител e ЖЕНА
Следен напис Прифатливи трошоци за мерката „Рурална жена“ која изнесува неповратни 3000 евра
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?