Со оваа програма ќе се реализираат активности за поддршка на земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и земјоделски стопанства кои се регистрирани или евидентирани како оператори со храна од животинско или неживотинско потекло, согласно Правилникот за отстапувања од посебните мерки за хигиена за малите бизниси, начинот и барањата кои треба да се исполнат при директно снабдување со храна од страна на производител до краен потрошувач, условите за просториите, материјалите, инструментите и опремата во објектите кои произведуваат, како и начинот напроизводство на храна со традиционални карактеристики.
Средствата од оваа програма се наменети за доделување на неповратна
финансиска поддршка за инвестиции во опрема и основни средства и услуги, кои имаат за
цел:
- остварување на додадена вредност на примарното производство;
- развој на производи со традиционални каректеристики и
- зголемување на конкурентноста, како и развој на семејни бизниси од областа на
производство на храна
Висината на финансиската поддршка согласно оваа програма изнесува до
600.000,00 денари по корисник без вклучен ДДВ за следните намени и активности):
- трошоци за набавка на опрема за производство на храна (доработка и преработка на
примарни земјоделски производи) до 90 % од висината на вкупната поддршка и/или - трошоци за ангажирање на стручно лице (технолог за производство на храна), кои што
не надминуваат 10% од вкупниот износ од висината на финансиската поддршка по
корисник.
Опремата која ќе биде набавена преку оваа мерка може да се користи за доработка и преработка на примарни земјоделски производи како што се :
– Овошје и зеленчук ( сокови,џемови, компот, ајвар, лутеница, конзервиран зеленчук и сл)
– Печурки и мешункасти растенија;
– Житарици, мелнички производи и производи од скроб;
– Растителни и животински масла и масти;
– Оцет, маџун и др;
– Месо и месни производи;
– Млеко и млечни производи (сирење, кашкавал , урда и сл)
– Јајца и живина
Може да се набавува опрема која ќе се користи за :
• Прием, собирање и чување.
• Подготовка за сортирање, чистење, миење, сушење, дезинфекција, обложување со восок, сортирање, калибрирање, отстранување на оштетени плодови, детектирање на метал и стакло или други цврсти материјали.
• Пред-ладење, ладење и замрзнување.
- Опрема за сечење, мелење и останата опрема за подготовка пред преработка.
- Опрема за филтрација, де-аерација, ферментација, стабилизација, сепарација, хомогенизација, пастеризација и стерилизација.
- Резервоари, танкови.
- Опрема за конзервирање, сушење, десикација, замрзнување.
- Опрема за полнење, флаширање, пакување и означување/етикетирање.
- Зашеметување, искрварување, опрема за горење и опрема за отстранување на внатрешни органи.
- Опрема за сечење и откостување.
- Лабораториска опрема и апарати за анализа на производот.
- Опрема за следење на квалитетот, контрола системи со следливост на прием на производ, складирање и дистрибуција.
- Третман на отпад, валоризација, опрема за ракување и складирање.
- CIP опрема (“clean in place”).
- Опрема за подобрување на стандардите за благосостојба на животните, како што се обезбедување на редовен пристап до свежа вода, храна, сместување на животните пред колење
- Оперативни трошоци за маркетинг на преработки од примарни земјоделски производи.
За целосна и навремена подготовка на апликации за грант до 10.000 евра можете да нè контактирате на телефонските броеви:
070 267 789
071 285 385
071 225 345
или испратете ни e-mail на [email protected]
