Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЕУ: Запленети се скоро 1.350 тони илегални пестициди
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЕУ: Запленети се скоро 1.350 тони илегални пестициди
Агровести

ЕУ: Запленети се скоро 1.350 тони илегални пестициди

Објавено 11/06/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Европол“ ја спроведе својата петта операција наречена “Silver Axe V” (Сребрена секира V) во која заплени двојно повеќе илегални хемиски производи во однос на минатата година, а операцијата се спроведуваше од 13 јануари до 25 април оваа година во 32 земји, објавија од таму. 

Злоупотребата со илегални пестициди се прави почнувајќи од трговијата со лажни или погрешно означени производи, па се до илегален увоз на забранети материи, како што е хлорпирифос, на кој всушност најмногу се однесувала операцијата. Инспекциите извршиле контроли на копнените и морските граници, на внатрешниот пазар како и во испораката на стоката на повеќе од 3.000 тони пестициди. Вкупно се покренати 260 истраги, уапсени се две лица и запленети се точно 1.345 тони од овие илегални хемиски материи чија вреднсот се проценува на 94 милиони евра.

Зголемена продажба на глифосат за 10% и покрај можната забрана

Италијанските власти заплениле 16,9 тони фалсификувани пестициди во вредност од 300.000 евра, пронајдени во склад во една италијанска провнција, а моментално уште траат осум истраги во Белгија, франција, Германија, Полска, Словенија и Швајцарија.

Како што тврдат од Европол, количината која е запленета била доволна за прскање на 207.000 хектари земја, односно повеќе од целото земјоделско земјиште на Германија,  75 % на Франција или повеќе од 150 % во Романија.

Во пет години се запленети скоро 2.600 тони

Европската студија проценува дека помеѓу 10% и 14 % од пестицидите на европскиот пазар се погодени од илегалната трговија, и дека криминалците заработуваат и до 70 евра за секој килограм.

За поефикасно да се спроведе оваа закана, после првата операција во 2015 година, развиен е европски координиран пристап, а вкупно се запленети точно 2.568 тони. Оваа важна меѓународна соработка со заеднички напори на јавниот и приватниот сектор беа пресудни за успех на оперативните активности, порачува Европол во своето соопштение и додава дека ја поддржале целокупната операција, која овозможила размена на информации и оперативна и стратешко- аналитичка поддршка.

– „Рекордниот број на пронајдени пестициди јасно покажува ефикасност во меѓународната соработка. Операциите се спроведуваат во повеќе земји, вклучени се бројни тела на ЕУ како и претставници на приватниот сектор. Нашиот сојуз за борба против илегалното земјоделие е пресуден за заштита на животните, природата,  како и на самите луѓе“, изјави Катерин Де Боле, извршна директорка на Европол.

Иако пестицидите се еден од најрегулираните производи на пазарот, илегалните можат да претставуваат проблем и огромна закана на целиот еко систем.

Извор:Агроклуб

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:Европолеунелегални пестицидипестициди
Претходен напис Бабовски: Сите земјоделци навреме ќе бидат известени кога започнува пријавувањето за субвенции по програмата за 2020 година
Следен напис Кајли Миног наскоро ќе го лансира своето ново француско розе вино
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?