Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЕУ почнува преговори со Западен Балкан за вклучување во зоната „Роаминг како дома“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЕУ почнува преговори со Западен Балкан за вклучување во зоната „Роаминг како дома“
Агровести

ЕУ почнува преговори со Западен Балкан за вклучување во зоната „Роаминг како дома“

Објавено 04/06/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Советот на Европската Унија соопшти дека го одобрил почетокот на преговорите со Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија за проширување на зоната „Роаминг како дома“.

Промената ќе им овозможи на корисниците од шесте држави од Западен Балкан да остваруваат телефонски повици, да испраќаат текстуални пораки и да користат мобилни податоци додека престојуваат во ЕУ, без дополнителни трошоци. Истото ќе важи и за корисниците од ЕУ при посета на шесте балкански земји.

Зоната во моментот ги опфаќа земјите членки на ЕУ, како и Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, а во неа се вклучени и Молдавија и Украина.

По денешната одлука, Европската комисија ќе почне преговори за склучување договори со секоја од шесте балкански држави. Тие ќе треба да спроведат законски измени за усогласување со европското законодавство во областа на телекомуникациите.

Во соопштението се наведува дека, по позитивната оценка од Европската комисија за исполнувањето на условите, ќе може да биде донесена одлука за реципрочно отворање на роаминг-пазарите меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан.

За Молдавија и Украина оваа промена стапи во сила минатата година.

ЕУ ја воведе зоната за бесплатен роаминг пред девет години по што беа укинати дополнителните трошоци за европските корисници при патување во друга земја членка на Унијата. 

МИА

Може да ви се допадне

Најавено 9-то издание на Ecommerce Conference во Скопје – најзначајниот регионален настан за дигитален бизнис и е-трговија
Зголемени и извозот и увозот, најмногу се тргува со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија
Миланов: Безбедната храна не е привилегија, туку основно право на секој граѓанин
Научници во Ангола идентификувале над 70 нови видови инсекти 
Над 100 учесници од ИКТ-компании и институции од Македонија и Грција разгледуваат можности за соработка
Таг:еуЗападен БалканРоаминг како дома
Претходен напис Најавено 9-то издание на Ecommerce Conference во Скопје – најзначајниот регионален настан за дигитален бизнис и е-трговија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?