Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЕУ: Од 2022 година, поголеми стимулации за малите и средни еко – производители, но и поголеми санкции за кршење на правилата?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЕУ: Од 2022 година, поголеми стимулации за малите и средни еко – производители, но и поголеми санкции за кршење на правилата?
АгровестиПазариСубвенцииФондови

ЕУ: Од 2022 година, поголеми стимулации за малите и средни еко – производители, но и поголеми санкции за кршење на правилата?

Објавено 27/10/2020
Сподели
5 мин. за читање
Man and woman gardeners working with strawberry seedlings in hothouse
Сподели
Ad imageAd image

Европратениците усвоија став за реформите на земјоделската политика по 2022 година. Тие заклучија дека земјоделската политика мора да биде пофлексибилна, одржлива и поотпорна на кризи со цел земјоделците да продолжат да ја снабдуваат Европската унија со безбедна храна, се вели во соопштението.

Тие прифатија промена на политиката што би требало да придонесе за прилагодување на потребите на одделните земји-членки, но исто така инсистираат и на одржување на еднакви услови во целата унија. Националните влади треба да изготват стратешки планови што треба да ги одобри ЕК, наведувајќи дека имаат намера да ги спроведуваат целите на терен. Комисијата ќе ја провери нивната работа, а не само усогласеноста со правилата на ЕУ.

Промовирање на подобри еколошки перформанси

Европскиот Парламентот исто така,  ги зајакна задолжителните климатски и еколошки прифатливи пракси што секој корисник мора да ги достави за да добие директна поддршка. Покрај тоа, европратениците сакаат,  најмалку 35% средства од буџетот да ги наменат за рурален развој и за сите видови еколошки и климатски мерки. Најмалку 30% од буџетот треба да бидат наменети за директна исплата за еко-шемите, кои би требало да бидат доброволни, но може да ги зголемат приходите на производителите.

Европратениците инсистираат да се  формира советодавна служба за земјоделските стопанства и тоа во секоја земја-членка и  да се издвојуваат  најмалку 30% од средствата спонзорирани од ЕУ за да им се помогне на земјоделците во борбата против климатските промени, одржливото управување со природните ресурси и заштитата на биодиверзитетот.

Тие исто така ги повикуваат земјите-членки да ги охрабрат земјоделците да одделат 10% од нивната обработлива површина за просторно уредување, како што се на пример жива ограда, непродуктивни дрвја, езерца и сл. што е корисно за биодиверзитетот.

Намалување на плаќањата за поголемите фарми

Европратениците гласаа за постепено намалување на годишните директни плаќања поголеми од  60 000 евра и ограничување до 100 000 евра.

Парламентот нагласува дека субвенциите во ЕУ треба да бидат резервирани само за оние кои имаат мали земјоделски стопанства. Оние што управуваат со аеродроми, железнички услуги, водовод, услуги со недвижнини, постојани спортски и рекреативни терени треба автоматски да бидат исклучени.

Нема да има промени во обележувањето на растителните производи?

Европратениците исто така ги отфрлија сите предлози за резервирање на имиња за производи што содржат месо.

Значи, ништо нема да се промени во однос на производите со растително потекло и нивните имињата што во моментов се користат во продажбата, како на пример вегански хамбургери, колбаси, паштети и слично.

Помош за кризни времиња

Европскиот парламент се обврза за превземање  на понатамошни мерки за да им се помогне на земјоделците да се справат со ризиците и потенцијалните идни кризи. ЕУ сака пазарот да биде потранспарентен и стратегијата за интервенција на сите земјоделски производи и практики насочени кон повисоки стандарди за заштита на животната средина, здравјето на животните или благосостојбата на животните да биде изземена од правилата за конкуренција.

Тие исто така бараат кризни резерви со соодветен буџет, кои би се користеле како постојан инструмент за амортизација на  нестабилните  цени и пазари.

“Премногу земјоделци губат пари и работни места Среќен сум што парламентот ги поддржа моите напори да создадам ефикасен механизам за спречување и подобро управување со таквите кризи“, рече пратеникот Ерик Андриеу.

Поголеми казни за кршење на правилата

Парламентот сака да ги зголеми казните за оние кои не се придржуваат на правилата на ЕУ, како на пример, оние за животната средина и благосостојбата на животните. Тоа треба да ги чини земјоделците 10% од нивните права (во споредба со денешните 5%).

Тие исто така сакаат да воспостават механизам за поплаки од ЕУ. Ова ќе ги задоволи земјоделците и руралните корисници кои се третираат неправедно или неповолно во однос на субвенциите на ЕУ, доколку нивната национална влада не успее да ги реши нивните жалби.

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Се чека со часови за влез во Грција. Километарски колони и покрај седум ленти
Германските земјоделци предупредуваат на можен недостиг на ѓубрива поради кризата на Блискиот Исток
Таг:2022 годинаеко производителиеупоголеми стимулации
Претходен напис Сања Лукаревска се враќа на директорското место во УЈП
Следен напис Намалени увозните царинските стапки на одделни производи за производство на технолошко напредни производи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?