Европската комисија го објави првиот јавен повик за доставување предлог проекти во рамките на иновацискиот фонд, кој всушност е една од најголемите светски програми за презентирање на иновативни технологии со низок удел на јаглерод.
Имено, ќе се финансираат напредни технологии за обновливи извори на енергија, енергетски интензивни индустрии, складирање на енергија и употреба и складирање на јаглерод. Планот е да се поттикне зеленото закрепнување преку создавање локални работни места прилагодени на потребите, отворајќи го патот кон климатска неутралност и зајакнување на водечката позиција на Европа во светот кога станува збор за технологијата, се вели во соопштението на Европската комисија.
Вложувањата ќе придонесат за поттикнување на стопанствата
„Овој повик доаѓа во вистинско време. ЕУ ќе инвестира една милијарда евра во перспективни, пазарно спремни проекти како што се чист водород или други решенија со ниско ниво на јаглерод за енергетски интензивни индустрии, како што се за челик, цемент и за хемикалии. Исто така ќе ќе го поддржиме складирањето на енериите, мрежните решенија како и прибирањето и складирањето на јаглеродот. Овие големи инвестиции ќе придонесат за повторно воспоставување на економијата на ЕУ и ќе нè воведат во зелената фаза на закрепнување, по што ќе постигнеме закрепнување на климата до 2050 година“, изјави потпретседателот на Европската комисија Франс Тимерманс.
Во периодот од 2020 до 2030 година од иновацискиот фонд ќе се доделат десетина милијарди евра.
За проекти кои не се готови, помош од 8 милиони евра
Во рамките на првиот повик ќе бидат обезбедени грантови од 1 милијарда евра и тоа за големи проекти за чиста технологија, за да им се помогне да ги надминат ризиците поврзани со комерцијализација и активности за демонстрација од големи размери. Оваа поддршка ќе го отвори патот за пласирање на нова технологија на пазарот. За ветувачки проекти кои сè уште не се подготвени за пазарот, се планира посебен буџет од 8 милиони евра, кој ќе се искористат за помош во развојот.
Повикот е отворен за концепти во прифатливи сектори од сите земји-членки на ЕУ како и Исланд и Норвешка. Средствата можат да се комбинираат со други иницијативи за јавно финансирање, како што се државна помош или други програми за финансирање од ЕУ.
Оценките ќе зависат од нивниот потенцијал за избегнување на стакленичките гасови, од иновативниот потенцијал, од финансиската и техничката зрелост и потенцијалот за проширување и економичноста.
Извор: Агроклуб
