Со Одлука на Обединетите нации оваа година на 29 септември за прв пат се одбележа Меѓународниот ден на свесност на губење и фрлање на храна, и тоа од производството, складирањето, преработката и транспортот.
Сакаме ли да имаме храна за јадење – беше едно од главните прашања кои многумина го поставуваа во март, кога пандемијата зеде замав и кога луѓето почнаа да прават залихи на храна. Стручњаците предупредуваа да не се претерува со тоа па луѓето постојано беа советувани што и како да се купува, се со цел да се фрла што помалку храна.
Но, вишокот на храна, поточно количините на храна кои се фрлаат, не се тема која ја изроди пандемијата 2020. За неа се зборува веќе подолго време, а со одлука на Обединетите нации оваа година на 29 септември за прв пат се одбележува Меѓународниот ден на свесноста од губење и фрлање на храната.

До 2030 да се преполови отпадот од храна
Одлуката се темели на Програмата на ОН за глобален развој до 2030, и потребата до 2030 година да се намалат големите количини отпад од храна на глобално ниво. Имено, целта е да се преполови овој вид на отпад по жител на потрошувачко ниво и да се намалат губитоците во производството и синџирот за снабдување.
Имено, една третина од храната која годишно се произведува во светот, што е околу 1,3 милијарди тони, се расипала или е фрлена, додека истовремено над 821 милиони луѓе се хронично ненахранети. Во ЕУ секоја година се фрла окоолу 90 милиони тони храна, односно 173 килограми по лице.
Во ОН ја истакнуваат итната потреба за решавање на овој проблем кој силно влијае и на климатските промени, а со тоа влијае и врз опстанокот на човекот.
Како што стои во соопштението на ОН производството на храна е основен двигател на глобалните промени во околината бидејќи користи 25% од целокупната населена површина и црпи 70% од светската потрошувачка на вода за пиење и е главен причинител за пренамена на земјиштето. Со тоа што големи количини на храна се фрлаата, пропаѓаат сите вложени ресурси за нејзино производство, како што се почвата, водата, енергијата, времето, човечкиот труд и многу пари. Со тоа се создава силен притисок на околината, бидејќи знаеме, повеќето од фрлената храна завршува на депонии и со тоа ја загадува почвата, водата и воздухот.
Лошто складирање е причина што околу 14% од храната се уништува од полето до продавницата?
Покрај тоа што загубата настанува и во производството, складирањето, преработката и транспортот се причини за уништување на големи количини на храна во земјите во развој.
Искоренување на гладтта
За да се постигне оваа цел потребно е примената на оваа пракса да се направи да биде одржлива, а не со краток рок. Важно е да се дојде и до иновативни решенија за сузбивање на губитоците и фрлањето на храната и да се усвои одржливиот пристап до составот на истат, со што ќе се обезбеди дополнителна безбедност на храната.
Да се забрани фрлање на храна во комуналениот отпад
– “Одбележувањето на Меѓународниот ден на свесноста за губитоците и фрлањето на храната, значајно ќе придонесе за подигање на свеста околу важноста на проблемите и неговите можни решенија на сите нивоа и промоција на глобалните напори и колективни акции со цел намалување на овој вид на отпрад“, порачуваат во ОН чиј приоритет е едукација на потрошувачите и активности насочени кон подигање на свеста за важноста на овој проблем.
Извор: Agroclub.com
