„Европската комисија одлучи привремено да ги стопира надоместоците за албанската влада за финансирање на земјоделски проекти кои се реализираат во рамките на ИПАРД II Програмата за поддршка на земјоделството и руралниот развој.
Одлуката е донесена „врз основа на првичните информации обезбедени од Европската канцеларија за борба против измами [OLAF], по истрагата за наводите за корупција поврзани со спроведувањето на програмата ИПАРД II“, соопшти Делегацијата на ЕУ во Тирана, прецизирајќи дека ова е „превентивна мерка за заштита на финансиските интереси на Европската унија“. ИПАРД II (2014-2020) обезбеди вкупна поддршка од 71 милион евра, од кои 25 отсто се финансирани од албанската влада.“, пренесе Албеу.
