Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЕУ ги зголемува царините за жито и маслодајни семиња од Русија и Белорусија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЕУ ги зголемува царините за жито и маслодајни семиња од Русија и Белорусија
Агровести

ЕУ ги зголемува царините за жито и маслодајни семиња од Русија и Белорусија

Објавено 22/03/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Европската комисија денеска предложи зголемување на царините за увоз во ЕУ на житни култури, маслодајни семиња и производи од нив од Русија и Белорусија, меѓу останатото и за пченица, пченка и сончоглед, со цел да го ограничат нивниот пласман на европскиот пазар. 

Според ЕК, со ваквите мерки ќе се спречи дестабилизација на европскиот пазар со значителен пласман на руските житни производи и на нелегално присвоеното жито произведено на окупираните територии во Украина, а во исто време ќе се оневозможи Русија да ги користи приходите од таквиот извоз во ЕУ. 

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен оцени дека царините се воведуваат за да се ублажи растечкиот ризик за пазарот и земјоделците во ЕУ.  

– Тие ќе го намалат капацитетот на Русија да ја искористува ЕУ за нејзината воена машинерија. Со ова опстојуваме на нашата посветеност за зачувување на глобалната безбедност на храната, особено за земјите во развој, изјави Фон дер Лајен. 

Според неа, со царините ќе се воспостави баланс меѓу поддршката за европската економија и за земјоделските заедници во ЕУ, а во исто време се изразува непопустлива поддршка на Унијата за Украина. 

ЕК посочува дека зголемените царини ќе важат и за Белорусија, поради нејзините блиски политички и економски врски со Русија.  

– Со вклучување на Белорусија во новата мерка, ЕУ ќе ја спречи Русија да ја користи за да ги заобиколи новите царини и да ги канализира своите стоки на пазарот на Унијата, нагласува Комисијата. 

Одлуката не се однесува за транзитот на житни култури, маслодајни семиња и нивни производи од Русија и Белорусија кон трети земји преку територијата на ЕУ, со што се покажува дека Унијата „останува целосно посветена на промоција на безбедноста на храната на глобално ниво, особено кога станува збор за земјите во развој“.

– Повеќе од две години по почетокот на руската агресија врз Украина, Европа е обединета и решена да продолжи да ги брани нашите вредности и основни принципи. ЕУ цврсто стои зад Украина и нејзиниот народ и ќе продолжи силно да ја поддржува украинската економија, како и нејзиното општество, вооружените сили и идната реконструкција се додека е потребно, додава ЕК.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:белорусијаеузголемувамаслодајни семињаРусијацарините
Претходен напис Викендов сончево и топло, од понеделник со дожд
Следен напис Модерните технологии и претприемачки вештини во земјоделството претставени на ФЗНХ во Скопје
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?