Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЕУ е подготвена да ги извезе речиси сите украински земјоделски производи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЕУ е подготвена да ги извезе речиси сите украински земјоделски производи
Агровести

ЕУ е подготвена да ги извезе речиси сите украински земјоделски производи

Објавено 27/07/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Европската Унија се подготвува да ги извезе речиси сите украински земјоделски производи преку таканаречените коридори на солидарност, изјави европскиот комесар за земјоделство, Јануш Војчеховски.

„Подготвени сме да извеземе речиси се. Тоа се околу 4 милиони тони маслодајни растенија и житарки месечно, а тој обем го постигнавме во ноември минатата година“, рече тој.

Пред Русија да се повлече од договорот за извоз на жито од Црното Море, посредуван од Турција и ОН, Војчеховски рече дека 60 отсто од извозот на Украина се испорачува преку солидарните коридори, додека 40 отсто одел преку Црното Море.

Претходно, министрите за земјоделство на ЕУ се состанаа во Брисел за да разговараат за можностите за извоз на украинско жито, но на начин да се заштитат земјоделците од земјите кои граничат со Украина.

Германскиот министер за земјоделство Џем Оздемир предупреди дека министрите мора да ги урамнотежат двете прашања без да ја поткопаат поддршката на ЕУ за Украина.

„Ако се појават пукнатини во единството на ЕУ, единствениот што ќе биде среќен е рускиот претседател Владимир Путин“, рече Оздемир.

Министерот за земјоделство на Литванија, Кестутис Навикас, предложи да се префрлат извозните процедури за жито од украинско-полската граница до литванските пристаништа за да се избегне заканата од заглавување на транспортот на жито во Полска, пренесува Apk-inform.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ЕУпченицаукраинацрноморска иницијатива
Претходен напис Започна кампањата „Лето без пожари“ под мотото „Пламените јазици се незапирливи и палење на шумите е криминал“
Следен напис МЗ Галичник бара помош од институциите поради присуство на мечки во селото
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?