Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Есенската сеидба во битолскиот дел на Пелагонија во полн ек
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Есенската сеидба во битолскиот дел на Пелагонија во полн ек
Агровести

Есенската сеидба во битолскиот дел на Пелагонија во полн ек

Објавено 15/11/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Есенската сеидба во битолскиот дел на Пелагонија е рестартирана и е во полн ек, информираат од Агенцијаta за поттикнување на развојот на земјоделството-АПРЗ со седиште во Битола.

Прекинот на есенските посеви беше предизвикан од неповолните временски услови кои ги спречија земјоделците да работат на земјоделските површини, изјави за МИА Мирјана Милинг, раководителка на Одделение за пелагониски регион при АПРЗ-Битола.

-До овој момент посејани се 60 насто од планираните земјоделски површини за есенска сеидба. Земјоделците неможеа да го реализираат планираното заради неповолни временски услови, односно сува површина која неможе да се обработува, бидејќи невозможно е длабоко орање. Дождот кој што деновиве падна е во прилог на земјоделците и тие продолжуваат со есенска сеидба на пченица, јачмен, тритикале и друг семенски материјал, истакна Милинг.

Освен со есенска сеидба, пелагониските земјоделци во овој период од годината времето го користат за работа во овоштарниците.

-Продолжува извршувањето на агротехничките мерки кои што се од суштинско значење за здравствената состојба на растенијата. Ова е време да се заврши со бербата на јаболката, крушите и дуњите, со садење на нови овошни дрва, со прскање на јаболчестото овошје и со есенската обработка на почвата, а откако и ќе паднат лисјата, препорачливо е да се заораат за да се уништат заразните форми кои би презимиле под листовите, информираа од  Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството со седиште во Битола.

МИА

Може да ви се допадне

Крадци во Италија украле 30.000 шишиња вино вредни пет милиони евра, луѓето плачеле во винаријата
Предлог: До 50.000 евра за предавање на фарма на млад земјоделец
Богатите вкусови на калинката и нејзините производи изложени на Фестивалот на калинка во Валандово
(ВИДЕО) БИК ПРОДАДЕН ЗА 35.000 евра: Нема ниту една година, а на сите тестови покажа дека е најдобар
Азески: Државата со поголем БДП, компаниите со поголем профит, граѓаните со повисок стандард
Таг:битолскиот делЕсенската сеидбапелагонијаполн ек
Претходен напис Се радикализира протестот на земјоделците во Војводина
Следен напис Од петок постудено со дожд и снег
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?