Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Есенската потрошувачка кошница ќе биде позната денеска, ќе се замрзнуваат цените или ќе се ограничат маржите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Есенската потрошувачка кошница ќе биде позната денеска, ќе се замрзнуваат цените или ќе се ограничат маржите
АгровестиПазари

Есенската потрошувачка кошница ќе биде позната денеска, ќе се замрзнуваат цените или ќе се ограничат маржите

Објавено 13/09/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

До денеска, според најавите од Министерството за економија и труд, треба да биде готова есенската потрошувачка кошница со 100 производи. Работната група, во која членуваат претставници од министерствата за економија, финансии и земјоделство, врз основа на направена симулација треба да донесе предлог – одлука дали ќе има замрзнување на цените или ќе се ограничат маржите од 5,10 и 15 проценти. 

Предлогот, како што вчера најави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, ќе биде доставен до Владата наредната недела.

– Утре на крајот на денот, работната група ќе извести дали ќе се одлучи за замрзнување на цените или ограничување на маржите на 5, 10 или 15 проценти, рече вчера Дурмиши во изјава за медиумите. 

Ministri i Ekonomisë, Besar Durmishi paralajmëroi se deri nesër do të përgatitet një shportë e vjeshtës konsumatore me 100 prodhime, në bazë të së cilës do të bëhet simulim për kufizimin e çm

Освен есенска, според најавите на надлежните, ќе има и зимска, велигденска, рамазанска кошничка….

– Во зависност од тоа какви се потребите на граѓаните, во зависност од тоа што најмногу се троши, ќе го следиме процесот и нема да дозволиме да ни се случи повторно висока стапка на инфлација со што ќе се влијае негативно на стандардот на граѓаните. Исклучително сум задоволен што стапката на инфлација во август на годишно ниво е 2,2 процента во однос на август минатата година што претставува навистина добар резултат, имајќи го предвид регионот и е меѓу првите во регионот, односно првите според ниска стапка на инфлација, би рекол и компетитивен во Европа и е понизок во рамки на еврозоната, што е добро, изјави во средата премиерот Христијан Мицкоски.

Стабилизирање на цените се очекува и со примената на Законот за нефер трговски практики кој треба да почне да се применува од 28 септември. Рабатот и дополнителните трошоци од листата на 2 548 тарифни броеви на земјоделски и прехранбени производи во трговија на мало и трговија на големо ќе бидат ограничени на 10 проценти.

Трошоците на живот во декември во однос на ноември лани се зголемиле за 0,3 проценти, а цените на мало за процент. 

Според министерот за економија и труд, Законот ќе стапи на сила до крајот на месецот, а фирмите имале период од шест месеци да ги усогласат цените.

Државниот завод за статистика измери дека во август инфлацијата бележи зголемување од 2,2 проценти на годишно ниво, а цените на мало се зголемени за три проценти. 

Во однос на јули, се бележи зголемување на трошоците на животот во делот храна и безалкохолни пијалаци за 1,2 проценти, рекреација и култура за 1,1 проценти, здравје за 0,8 проценти, ресторани и хотели за 0,7 проценти, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,6 проценти, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата, комуникации за 0,5 проценти и алкохолни пијалаци и тутун за 0,1 процент.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:есенската потрошувачка кошницазамрзнуваат ценитемаржитепозната денеска
Претходен напис Инвеститорски ден на Берзата
Следен напис Падна првиот снег во регионот: Погледнете како побеле во Словенија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?