Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЕП и Советот на ЕУ се усогласија околу предлогот за помали оптоварувања за земјоделците 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЕП и Советот на ЕУ се усогласија околу предлогот за помали оптоварувања за земјоделците 
Агровести

ЕП и Советот на ЕУ се усогласија околу предлогот за помали оптоварувања за земјоделците 

Објавено 11/11/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Преговарачите на Европскиот парламентот и данското претседателство со Советот на ЕУ доцна синоќа постигнаа прелиминарен договор околу предложените измени на Заедничката земјоделска политика на ЕУ, со кои се намалуваат административните и регулаторните оптоварувања за земјоделците. 

Целта на овие измени е зголемување на конкурентноста на европското земјоделство преку намалување на бирократските процедури, поддршка на земјоделците, поттикнување на иновациите и зголемување на продуктивноста. 

Се предвидува дека предложените измени ќе резултираат со значително намалување на трошоците на земјоделците до 1,6 милијарди евра годишно, а на националните администрации на земјите членки од над 200 милиони евра. 

Предложените измени на Заедничката земјоделска политика на ЕУ се дел од т.н. „Омнибус“ за поедноставување, што Европската комисија го предложи во мај годинава. 

Со предлогот се менуваат критериумите за дефиниција на обработливото земјиште, со цел да се заштити биодиверзитетот и да се намалат трошоците на земјоделците за орање. Со измените едно земјиште кое на 1 јануари 2026 година се сметало за обработливо, ќе може да го задржи тој статус дури и ако не е изорано, обработено или повторно засеано. 

Дополнително, за земјоделците кои имаат сертификат за органско производство ќе се смета дека автоматски ги исполнуваат барањата за одржување на земјиштето во добра земјоделска и еколошка состојба, а редовните инспекциите на земјоделските површини се ограничуваат на само една годишно.  

Максималните годишни субвенции за малите земјоделци се зголемуваат од 2.500 на 3.000 евра, а еднократната помош за развој е зголемена од 50.000 на 75.000 евра. 

Со договорот на земјите членки им се овозможува да исплаќаат вонредна помош на активните земјоделци погодени од природни непогоди, неповолни климатски настани или несреќи од катастрофални размери, со цел да се овозможи континуитет на нивната земјоделска активност. 

Синоќа усогласениот прелиминарен договор сега треба да го одобрат и Советот на ЕУ и Европскиот парламент.

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:ЕПземјоделцитепредлоготСоветот на ЕУ
Претходен напис УХМР: Зголемено нивото на реката Вардар кај Јегуновце и Демир Капија
Следен напис Протест на земјоделците во Атина – во фокусот скандалот со европските земјоделски субвенции
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?