Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук-профил објави видео од изградбата на експресниот пат Градско – Дреново и најави негово завршување до крајот на оваа година.
-Со ова видео од патот Градско – Дреново воведуваме нова динамика во работењето. Со добра работа и организација до Нова година ќе може да се вози по овој експресен пат што ќе го скрати патувањето од Битола и Прилеп до Скопје, Гевгелија и Солун, објави министерот Николоски.
МИА
Напишете коментар