Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Експертизата на ЕФСА како поддршка на политиката „Едно здравје“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Експертизата на ЕФСА како поддршка на политиката „Едно здравје“
Агровести

Експертизата на ЕФСА како поддршка на политиката „Едно здравје“

Објавено 23/05/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Европската Агенција за безбедност на храна го објави едиторијалот на тема „Експертизата на ЕФСА ја поддржува политиката на пристапот „Едно здравје“. Во едиторијалот ЕФСА ја нагласува соработка помеѓу различните научни дисциплини. Исто така, се става акцент на потребата во пристапот „Едно здравје“ да се земат предвид глобалните предизвици како што се климатските промени, губењето на биолошката разновидност и КОВИД-19 пандемијата.

Во текот на 21 век, се појавија многу глобални закани по здравјето поврзани со зоонотски и заразни болести (на пример САРС, КОВИД ‐ 19, Зика вирус, Авијарна инфлуенца итн), климатски промени и одржливост на животната средина. Овие закани по здравјето се комплексни и не можат соодветно да се решат од страна на било која индивидуална дисциплина што дејствува самостојно.

Потребна е сеопфатна стратегија и трансдисциплинарна соработка што ќе ги опфати сите аспекти по однос на здравјето на луѓето, животните и животната средина, односно пристап на „Едно здравје“ (One Health approach). Според Светската здравствена организација, „Едно здравје“ е пристап насочен кон дизајнирање и спроведување на програми, политики, законодавство и истражувања во кој повеќе сектори комуницираат и работат заедно во насока на постигнување подобри резултати по однос на јавното здравје (СЗО, 2017).

Алијансата ЕкоХелт го дефинира „Едно здравје“ како интередисциплинарен пристап за зајакнување на системите на глобално и локално ниво со препознавање на заедничкото здравје на луѓето, животните и животната средина (ЕкоХелт Алијанса, 2020).

И покрај тоа што не постои универзално прифатена или вообичаено примената дефиниција, актуелните дефиниции го делат принципот на трансдисциплинарна соработка на различни нивоа и низ различни сектори (вклучително здравје на луѓето, животните, растенијата и сè повеќе, здравјето на животната средина).

Потребата од пристапот „Едно здравје“ (One Health) е препознаена од различни европски и меѓународни организации, како што се стратегијата Sustainable Development Goals (SDGs) усвоена од Организацијата на Обединети нации, ФАО, СЗО, Зелениот договор (Green deal) на Европската Комисија, итн.

Во текот на последните децении, концептот „Едно здравје“ се прошири од медицинските и ветеринарните науки, на рапидно растечкиот спектар на синергетски дисциплини, вклучително безбедност на храна, јавно здравје, здравствена економија, заштитата на екосистемот, социјалните науки и здравствената заштита на животните.

Пристапот „Едно здравје“ претставува основа за долгогодишна соработка помеѓу ЕФСА и повеќе aгенции на Европската унија, како што се Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC), Европската агенција за лекови (EMA), Европската агенција за хемиски средства (ECHA), итн.

Целиот едиторијал може да го преземете на следниот линк:

https://efsa.onlinelibrary.wiley.com/doi/pdf/10.2903/j.efsa.2021.e190501

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:One Health
Претходен напис Саудиска Арабија ќе засади десет милијарди дрвја
Следен напис Заштита на пчелите – Нов чекор во проценката на ризик
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?