Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Експертите предупредуваат: Мачките никогаш не треба да ги храните со овие намирници
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Експертите предупредуваат: Мачките никогаш не треба да ги храните со овие намирници
Магазин

Експертите предупредуваат: Мачките никогаш не треба да ги храните со овие намирници

Објавено 02/03/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Иако многу сопственици сакаат да го споделат својот оброк со миленикот, експертите предупредуваат дека одредени намирници можат сериозно да го загрозат здравјето на мачките, па дури и да имаат фатални последици.

Мачките се љубопитни животни и често ќе пробаат сè што ќе им се најде на дофат. Но тоа што нешто им е достапно не значи дека е безбедно за нивниот организам. Некои од секојдневните намирници што луѓето ги консумираат можат да предизвикаат труење, оштетување на органи или долгорочни здравствени проблеми кај мачките.

Меѓу најопасните намирници е чоколадото. Тоа содржи теобромин и кофеин, супстанции што мачките ги разградуваат многу побавно од луѓето. Дури и мала количина може да предизвика повраќање, дијареја, забрзана работа на срцето, треперење и напади. Колку е потемна чоколадата, толку е поголем ризикот.

Кромидот и лукот, без разлика дали се свежи, варени или во прав, исто така се опасни. Нивните соединенија можат да ги оштетат црвените крвни клетки и да доведат до анемија. Дополнителен проблем е што симптомите често се појавуваат со задоцнување, кога веќе настанала штета.

Грозјето и сувото грозје, иако се сметаат за здрав избор кај луѓето, кај мачките можат да предизвикаат акутна бубрежна слабост. Иако точниот механизам на токсичност не е целосно разјаснет, регистрирани се случаи на сериозни труења и по внесување многу мали количини.

Алкохолот и пијалаците што содржат кофеин никако не смеат да бидат достапни за милениците. Дури и минимална количина алкохол може да доведе до нарушувања на дишењето, пад на телесната температура, кома и смрт. Кафето и енергетските пијалаци дополнително го оптоваруваат нервниот и кардио-васкуларниот систем.

Опасност претставува и сировото тесто со квасец, кое во желудникот се шири и создава гасови, предизвикувајќи болка и надуеност, а при ферментација се создава и алкохол. Сировото месо и сировите јајца, пак, носат ризик од бактериски инфекции како салмонела, што може сериозно да го наруши здравјето на мачката. Иако млекото традиционално се поврзува со мачките, повеќето возрасни мачки не поднесуваат лактоза. Консумирањето млечни производи може да предизвика дијареја и други дигестивни проблеми.

Стручњаците советуваат сопствениците да се придржуваат до специјално направена храна за мачки и секогаш да се консултираат со ветеринар доколку се сомневаат дека миленикот изел нешто што не треба. Правилната исхрана е значајна за долг и здрав живот на секоја мачка.

МИА

Може да ви се допадне

Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Кох од гриз
Таг:Експертите предупредуваатМачкитенамирницихраните
Претходен напис Општина Штип изготви 18.650 решенија за наплата на данок на имот
Следен напис Водата во Скопје безбедна за пиење, сите анализирани примероци се исправни
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?