Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Експертите предупредуваат: екстремните горештини се „тивок убиец“ за сиромашните
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Експертите предупредуваат: екстремните горештини се „тивок убиец“ за сиромашните
Агровести

Експертите предупредуваат: екстремните горештини се „тивок убиец“ за сиромашните

Објавено 17/08/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Екстремните горештини убиваат илјадници луѓе во сиромашните земји и заедници низ светот, а овие смртни случаи често не се пријавуваат, предупреди Фридерике Ото, експертка на организацијата World Weather Attribution.

Според неа, екстремно високите температури се „тивок убиец“ кој ги погодува економски најранливите категории на луѓе и апелираше до јавноста и медиумите да посветат поголемо внимание на овој проблем, пренесува „Гардијан“.

Топлотните бранови се најсмртоносен тип на временска непогода, но не оставаат зад себе траги на разурнување. Тие убиваат сиромашни и осамени луѓе во богатите земји, како и сиромашни кои мораат да работат на отворено во земјите во развој, изјави Ото, која е и предавач по климатска наука на Институтот Грантам при Империјал колеџот во Лондон.

Нејзиното предупредување доаѓа во време кога расте загриженоста поради нееднаквата изложеност на екстремните горештини, во зависност од финансиската состојба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, минатиот месец повика на акција за справување со екстремните горештини, со фокус на грижа за загрозените и заштита на работниците изложени на високи температури на отворено.

„Екстремните горештини сè повеќе ги загрозуваат економиите, ги продлабочуваат нееднаквостите, ги нарушуваат целите за одржлив развој и убиваат луѓе. Се проценува дека годишно екстремно високите температури убиваат речиси половина милион луѓе, што е околу 30 пати повеќе од тропските циклони“, нагласи Гутереш.

Неговиот апел следуваше по регистрацијата на три последователни дена на највисоки температури некогаш измерени во светот, на 21, 22 и 23 јули. Климатолозите предупредија дека тоа веројатно се највисоките температури измерени на Земјата во последните 120.000 години, според доказите од годови на дрвја и кора од мраз.

Експертите истакнуваат дека топлината различно се доживува во домашни услови, при што е многу поопасна за луѓето кои живеат во несоодветни населби, без клима уреди. Многу се загрозени и работниците кои мораат да работат на отворено, за разлика од вработените во климатизирани простории.

Меѓу загрозените категории се и мигрантите, како и верниците кои одат на аџилак. Во јуни, десетици мигранти од Судан умреа од топлина на илегалната граница со Египет, наведоа хуманитарните групи.

Ова е само еден од бројните примери поврзани со бегалци и азиланти. Многу смртни случаи предизвикани од екстремни горештини остануваат незабележани, бидејќи властите во помалку развиените земји често немаат ресурси за да ги истражуваат поединечните смртни случаи, особено во региони каде што има конфликти. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:горештиниЕкспертитепредупредуваатсиромашните
Претходен напис Сончево и топло, до 39 степени
Следен напис ЦУК: Активни 17 пожари, пет ставени под контрола
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?