Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Експерти предупредуваат пашата на животните да не се врши покрај транспортни патишта
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Експерти предупредуваат пашата на животните да не се врши покрај транспортни патишта
Агровести

Експерти предупредуваат пашата на животните да не се врши покрај транспортни патишта

Објавено 02/06/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Голема грешка е пашата на животните да биде во области коишто се во непосредна близина на прометни транспортни патишта, предупредуваат експерти за сточарство од Пелагонискиот регион.

Според нив, зголемената внимателност се препорачува заради поголемата загаденост предизвикана од моторни возила.

-Во текот на овој месец сточарите вршат дополнителната прихрана на стоката со концентрирана храна, на која количината и се одредува во зависност од поединечната телесна состојба и млечност на животните. Голема грешка е праксата пашата на животните да биде во области коишто се во непосредна близина на прометни транспортни патишта. Потребно е да се знае дека тие ја загадуваат животната средина, вклучувајќи ги и растенијата во радиус од околу 100 метри. Во површинскиот слој на зелената маса се акумулира олово, бензспирени и други штетни елементи. Преку млекото од молзните животни, оловото стигнува до човечкиот организам. Со кумулативен ефект, се акумулира првенствено во коскената срцевина и доколку се наталожи во одредена количина, предизвикува тешки оштетувања на крвните садови и централниот нервен систем. Бензспирените се другиот важен загадувач кој е резултат на блискиот патен сообраќај, кои што повторно преку млекото пристигнуваат во човечкиот организам. Тие имаат канцерогено дејство а исто така и тератогено дејство, односно ги оштетуват човечките ембриони, посочуваат експертите од Пелагонија.

Високите летни температури се причина и за некои негативни појави во сточарството, односно за брзо расипување на храната за стоката.

-На свињите и птиците во хранилките треба да им се приложува толку храна колку што е доволно за еден оброк. На тој начин ќе се избегнат проблеми како дигестивни нарушувања, намалување на продуктивноста, прејадување и ќе се намали смртността, препорачуваат експертите, пренесува МИА. 

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:животнитепашата
Претходен напис Проект „Зелена Сончева“ – зачувување на животната средина преку унапредување на шумскиот фонд
Следен напис Николовски и Бачовски за тутунарите: Наредната недела 1.3 милијарди денари ќе бидат пуштени на сметките на околу 20.000 земјоделци
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?