Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Економско-социјалниот совет денеска треба да одржи седница, ќе се расправа за минималната плата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Економско-социјалниот совет денеска треба да одржи седница, ќе се расправа за минималната плата
Агровести

Економско-социјалниот совет денеска треба да одржи седница, ќе се расправа за минималната плата

Објавено 03/02/2025
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Работодавачите, синдикатите и Владата денеска треба да седнат на заедничка маса за да разговараат за зголемувањето на минималната плата која во моментот изнесува 22.567 денари. Според најавите, денеска треба да се одржи седницата на Економско-социјалниот совет на која ќе се разгледаат можностите за нејзино зголемување што како барање го поставија синдикатите според кои има реална потреба од вакво нешто.

Синдикатите бараат минималната плата да се зголеми на 450 евра, а дел од бизнис секторот се изјасни дека ќе го прифати ваквиот предлог, но да се намалат придонесите. Од Владата велат дека ќе остават да се договорат синдикатите и работодавачите. 

– Минималната плата ќе ја разговараат синдикатите и работодавачите. Ние ќе го следиме процесот и што ќе се договорат меѓу себе, ние ќе го прифатиме затоа што во изминатиот период, врз база на направените анализи, констатиравме дека минималната плата, како компонентна која влијае на платите во државните институции, опфаќа многу мал број на државни службеници, околу 14.000 службеници, а сите останати не се поврзани со компонентната минимална плата, изјави во петокот министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.  

Истиот став го кажа и премиерот Христијан Мицкоски на последната седница за пратенички прашања.

– Минимална плата ќе биде онаа плата којашто ќе ја договорат работодавачите и работодавците. Ние сме страна која што може да го фасилитира тој процес и како таков да го гледа и да го поддржи кога ќе заврши ако има решение. Секое решение кое што тие ќе го поддржат, ние ќе го прифатиме и тука нема никаква дилема. Еве сега во понеделник има една точка на дневен ред која што се однесува до минималната плата. Се надевам дека работодавачите и работниците ќе постигнат договор, договор којшто ние ќе го поддржиме, рече Мицкоски.

Согласно законот, во март треба да има усогласување на минималната плата, која според пресметките, треба да се зголеми за 1.800 денари, што според синдикатите е малку во однос на трошоците на живот.

Пресметките што ги прави Сојузот на синдикати на Македонија за минималните трошоци на едно четиричлено семејство покажуваат дека во јануари тие изнесувале 63.252 денари што значи дека две минимални плати се малку за да се задоволат основните потреби. За само една година, вредноста на синдикалната минимална кошничка пораснала за 6.089 денари што значи зголемување од 10,63 проценти.

– Граѓаните во Македонија не дека живеат многу добро и имаат многу добри плати, па пазарат и со тоа ја погреваат инфлацијата и платите се виновни за зголемувањето на инфлацијата, не туку трговците се алчни и се богатат на грбот на работниците со тоа што го користат секој момент за дополнително да се збогатат. Дури се сомневаме и дека она што го ветуваат сега, во наредните месеци ќе го задржат нивото на цените на основните прехранбени производи е мамка да не ги намалат цените на производите кои на светските берзи бележат намалување, изјави претседателот на ССМ Слободан Трендафилов на прес-конференција на 21 јануари.  

Според ССМ, платите треба да се зголемат за најмалку 20 проценти. Велат дека нивното барање за растот на платите и на минималната плата е повеќе од оправдано. 

За денеска, како што најави премиерот Мицкоски, ќе бидат презентирани, како што рече, вистинските цени на производите од потрошувачката кошничка затоа што според него, се манипулира при пресметката на кошничката. На последната собраниска седница за пратенички прашања, Мицкоски рече дека сумата за храна и пијалоци е за 3000 денари помала од онаа во синдикалната кошничка и дека тоа ќе го презентира на седницата на ЕСС со слики. 

– За минималната синдикална кошничка дали сте ја виделе методологијата? Ќе ви дадам одговор, ако не сте ја виделе. Јас во мојот живот лубеница и црешни во јануари не сум јадел, не знам за вас во СДСМ можеби ви е вообичаена пракса. Тоа е дел од методологијата за пресметка на минималната потрошувачка кошничка која е со цени од неколку маркети кои во јавноста се познати како ексклузивни без да биде пресметана просечната цена. А ја пресметуваат Никола Попоски, поранешен потпретседател на СДС, Драган Тевдовски, поранешен министер за финансии од СДСМ и Бранимир Јовановиќ кој беше дел од Ленка, Левица, па отиде советник кај Тевдовски, овие тројца ја пресметуваат минималната потрошувачка кошничка. Отидов во неколку маркети и ги извадив неколкуте производи од потрошувачката кошничка и констатирав дека само за храна и пијалаци 3.000 денари е помала сумата од тие што се декларирани во минималната синдикална кошничка односно 15 проценти помалку. Ова ќе го презентирам на Економско социјалниот совет и тоа со слики, да се видат вистински цени“, рече Мицкоски.

Од  Стопанската комора на северозападна Македонија  изјавија дека минималната плата треба да се зголеми на 500 евра, а придонесите да се намалат од 47,7 на 32 отсто. 

– За минималната плата, исто така, зборуваме веќе една година и бараме да биде 31 500 денари. Бараме и придонесите да се намалат зашто мислиме дека се превисоки и тоа е товар што ја пенализира платата. Кај нас е прогресивно, што повеќе плата даваш, даваш и повеќе придонеси. На илјада евра се плаќа 52 отсто, не се плаќа 47 отсто. За минималната плата се плаќа 47,5, а за повисока плата, од илјада евра на пример, 52 отсто. Во Словенија каде што има повисока плата, 42 отсто оди надолу, од 42 на 41,… На таков начин да се стимулира, изјави во декември претседателот на Комората, Менди Ќура.

Ваквиот предлог е неприфатлив за министерката за финансии затоа што имаме едни од најниските даноци.

– Тоа што е обврска на државата, ќе треба да си платат. Во многу наврати има различни предлози, но сметаме дека давачките не се највисоки, напротив имаме придонеси кои се многу пониски од придонесите во соседството така што не сметам дека треба да менуваме нешто во тој дел, смета Димитриеска-Кочоска.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Економско-социјалниот советминималната платаодржи седницарасправа
Претходен напис Времето денес ќе биде променливо облачно со повремен слаб локален дожд
Следен напис Најтопло утрово во Гевгелија, најстудено во Берово и Попова Шапка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?