Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Еколошка акција на езерото Матка – „За чиста и здрава вода, стоп за загадувањето на водата“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Еколошка акција на езерото Матка – „За чиста и здрава вода, стоп за загадувањето на водата“
Агровести

Еколошка акција на езерото Матка – „За чиста и здрава вода, стоп за загадувањето на водата“

Објавено 24/03/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По повод Светскиот ден на водата – 22 март, вчера претставници на здружението Македонско-хрватско друштво (МХД) и на еколошкиот клуб „Пена“ ги чистеа езерото и кањонот Матка.

Од МХД соопштија дека и покрај лошите временски услови и непрегледноста во водата, предвидените еколошки активности се реализираа успешно, со околу 20 нуркачи од повеќе градови, кои го чистеа езерото од пластичен и останат отпад.

Настанот е во рамки на проектот „За чиста и здрава вода, стоп за загадувањето на водата“, а целта е кревање на свеста за екологија и чување на природните богатства во државата.

Исто така, во рамки на проектот е и чистење на природните и вештачките езера од пластични предмети гуми, делови од моторни возила, разни метални предмети, а особено чистење од заостанати рибарски мрежи во кои се фаќаат рибите и угинуваат. При тоа во процесот на распаѓање предизвикуваат појава на дислокација на цели врсти на риби и други подводни животни.

Втора специфична цел, како што посочуваат од здружението, е вклучување на месното население, а особено младата популација, која треба да ги усвои позитивните навики во секојдневното живеење во урбана средина.

Проектот почна на 21 март оваа година, со активност во Тетово, каде што се реализираше еколошката акцијата за чистење на реката Пена и месноста Бањиче. Во рамките на проектот предвидени се уште три еколошки акции со чистење на езерото Младост во Велес и Дојранското и Мавровското Езеро.

– Подигање на свеста на зачувување на природата посебно на водата ќе има зголемено влијание во иднина бидејќи ќе допринесе да се намалување на загадувањето на природата и езерата и здрава животна средина – соопштија од МХД.

Овој проект е финансиски поддржан од програмата на Цивика мобилитас, програма за поддршка на граѓанското општество.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:еколошка акцијаматка
Претходен напис Охрид, Струга и Поградец ќе се поврзуваат со редовна бродска линија
Следен напис Викендов почнува летното сметање на времето
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?