Екологисти од Здружението ,,Ековита” од Неготино, посадија садници од брзорастечки дрвја пауловниа.

-Во рамките на еко акциите на нашето здружение кое се залага за чиста и здрава животна средина, посадивме неколку садници од брзорастечкото дрво „paulownia elongata”, во парк во Неготино.
Акцијата е поддржана преку проектот „ Граѓанските организации во акција за климатските промени’’, финансиран од Шведската меѓународна агенција за соработка и развој–Sida, а спроведуван од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест” Скопје, Македонското здружение на млади правници и Организација за поврзување на природни вредности и луѓе – ЦНВП, појасни Сашко Тодоров, претседател на Здружението.

Тодоров, кој е дипломиран инженер по биологија, нагласи дека и во иднина, како и досега, ќе се залагаат за заштита на животната средина.


