Околу 300 земјоделци кои се занимаваат со еколошко производство се собраа минатата среда во Париз под мотото „Органски голи“, за да протестираат против намалување на поддршката од Заедничката земјоделска политика (ZPP).
Ја осудија одлуката на Министерството за намалување на субвенциите доделени на тој сектор за 66%, односно загубата од 132 евра по хектар годишно. Истовремено, предупредуваат тие, се зборува за сѐ поголема поддршка на еко-одгледувањето и поддршка од 340 милиони евра годишно, како низ новата Заедничката земјоделска политика, така и во рамките на Зелениот план. Француските фармери истакнуваат дека тоа тврдење тешко е да се проголта, а поради сето тоа најавуваат и зголемување на цените.
„Повлекување на околу 66% од поддршката за еко-производство ќе нѐ соголи“, изјави производителот Жан Феликс Билард, чие семејство од 2009 година се занимава со овој вид на земјоделство. Имаат околу 200 крави и 300 овци, а за нив новата политика би предизвикала загуба од околу 20.000 евра годишно, пишува lci.fr.
Лицемерна политика?
Еколошките земјоделци, меѓу кои и Елисе Бес – Жоулин, го осудуваат намалувањето на субвенциите и поддршката на секторот кој е од висока вредност за околината, додека истовремено нема откажување од одредени хемиски препарати како пестицидите.
„Шокирани сме бидејќи сме ставени во ист кош како и оние кои се занимаваат со такво производство“, истакнува таа за Reuters.
Повеќето од оние кои протестирале биле полуголи, а интимните делови на телото ги прекривале со транспаренти. „Министерот за земјоделство планира убаво да го облече земјоделството, дури ако тоа значи и соголување на другите“, порачаа огорчените земјоделци.
И на социјалните мрежи почнаа да кружат фотографии на полуголи фармери, кои на тој начин го изразуваат бесот поради најавената реформа на ЗЗП, а која би требало да стапи на сила од 2023 година. Незадоволните предупредуваат дека промените би ги притиснале сите работници во оваа бранша во земјата.
Намалување на поддршката за 66%
Пресметката на ЗЗП изнесува 387 милијарди евра, што е отприлика третина од пресметката на Европската Унија за периодот 2021 до 2027, наменета за исплата на земјодлеците и поддршка за руралниот развој. Новите правила, откако ќе бидат договорени, би требало да започнат во 2023 година.
Предложените измени се најдоа на удар на екологистите, кои велат дека им недостигаат цврсти цели и дека се потребни поголеми субвенции за загадувачките форми на конвенционално земјоделство.

Најмногу контроверзии предизвикаа токму прашањата поврзани за средствата наменети за еко-шеми за заштита на околината, еко-земјоделството и повторното воспоставување на мочуришта исушени поради пасишта. Повеќето држави членки го одбија предлогот на Парламентот за нив да се издвои повеќе од 30% од плаќањата. Односно, биле подготвени да прифатат 25%.
Идејата со која се воделе во Парламентот била фармерите да остварат поддршка за производство поволно за околината и климата, а оние кои би оделе и над тие барања, би добиле дополнителни средства.
Извор: agroklub.com
