Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Еко патроли за поздрава животна средина, еколошка конференција во Кавадарци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Еко патроли за поздрава животна средина, еколошка конференција во Кавадарци
Агровести

Еко патроли за поздрава животна средина, еколошка конференција во Кавадарци

Објавено 27/10/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Делување на еко патроли за поздрава животна средина е само една од активностите на регионалното друштво „Еко – живот“ од Кавадарци. На денешната конференција посветена на екологијата, присутните беа информирани и за другите активности како стартување и организирање на Еко – инфо центар, информативен сервис за природата и природните ресурси, еколошко правно советување за територијата на општините Кавадарци и Росоман и друго. 

Еколошката конференција се одржа во рамките на проектот „Одржливост на невладините организации преку локални акции за поздрава и почиста животна средина во општината Кавадарци и регионот“. Овој проект е финансиран преку ЕУ проектот „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“. 

Роберто Паризов, претседател на „Еко – живот“ потсети дека друштвото е активно петнаесетина години и додаде дека во него покрај возрасните, волонтираат и над 130 млади.

– Станува збор за активности во рамки на кавадаречка општина,  втора по големина, територијално во државата, богата со многубројни природни убавини. Ние овде имаме четири заштитени подрачја: Тиквешко Езеро, Дреновска клисура, Кожуф планина и изворите Лукар. Целта е подигнување на еколошката свест и промовирање на еколошки вредности, детектирање на  еколошки проблеми и нивно решавање. На овој план делуваме континуирано, вклучувајќи и млади, особено ученици од Кавадарци и Росоман, појасни Паризов, кој е координатор на проектот, осврнувајќи се и на соработката со  локалната самоуправа.

Координаторката на проектот на национално ниво Маријана Манева истакна дека  во овој проект има вкупно 49 невладини организации со активности низ цела држава.

– Како експерт сум вклучена во имплементација на активностите на 13 организации. Голем дел за животна средина, појасни Манева. 

Зоран Младеновски, советник за заштита на животната средина при Општината, ја нагласи  големата соработка со „Еко – живот“. Тој информираше дека имаат многу заеднички активности, а други општини се интересираат за веќе изработени проекти, како плод на соработката на оваа невладина организација и локалната самоуправа.

Димитар Радњански, раководител на службата „Мој општинар“ исто така рече дека соработката е на највисоко ниво и оти се има иста цел и се оди во ист правец. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Еко патролиживотна срединаКавадарциконференција
Претходен напис Шукова: За опасниот отпад на брегот на Лепенец ќе има и пријави
Следен напис Дизелот поевтинува, цените на другите горива не се менуваат
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?