Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Еко Партнерс го одбележа европскиот ден на органска храна под мотото „Дојди, види, вкуси“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Еко Партнерс го одбележа европскиот ден на органска храна под мотото „Дојди, види, вкуси“
Магазин

Еко Партнерс го одбележа европскиот ден на органска храна под мотото „Дојди, види, вкуси“

Објавено 25/09/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Здружението на граѓани за екологија, туризам, органско производство и истражувачка дејност „Еко Партнерс“, по четврти пат, ја организираше манифестацијата „Ден на органско производство и форум за еко туризам преку регионални практики“.

Во паркот Ѓорче Петров изложуваа повеќе од 40 производители на органска храна, вина и крафт пиво. Жителите на населбата, но и сите Скопјани, уживаа во звуците на музичкиот вокал Агни Авшар и бендот Brainfreezers.

Здружението „Еко Партнерс“, со оваа манифестација го одбележа Европскиот ден на органска храна во рамки на кампањата „Дојди,види, вкуси“. Манифестацијата е поддржана од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

-Продолжуваме да ја спроведуваме визијата на Еко Партнерс, градење јак локален и регионален развој кој ќе овозможи заштита на животната средина и работи  за зајакнување, вмрежување  на локалните и регионалните капацитети на микро и семејните бизниси, на полето од органското производство, екотуризмот, агри туризмот, екологијата, создавајки услови за нови зелени работни места и оддржливост на дестинациите. Благодарни сме за поддршката на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Општина Ѓорче Петров, но и на сите овогодинешни изложувачи – производители на органска храна, вина и крафт пиво. Настанот беше одлична можност на едно место да се споделат искуства, изложат органските производи и презентираат практиките во руралниот туризам, вмрежат органските производители на едно место и приближат регионалните практики и да се овозможи продолжување на растотот на ова производство и еко туризмот со дополнителен финансиски импакт и зајакнат локалниот економски развој, истакна Дејан Арсов, претставник на Здружението „Еко Партнерс“

За овие четири години на манифестацијата имаше повеќе од 10.000 посетители, со што интензивно се работи на полето на промоција на руралниот туризам кој последниве години е во подем. „Нашата земја со својата местоположба, клима и гостопримливост, се наметнува како една од земјите со најголем потенцијал за ено-гастро туризмот како клучен сегмент од туристичката понуда“, велат од „Еко Партнерс“.

Ивица Стевковски од винарија Кувин го изрази своето задоволство, објаснувајќи дека на овој начин го доближил виното до купувачите. „И секако, би учествувале на сите настани за промоција на органската храна, вино и пиво“. 

МИА

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:видивкусиДојдиевропскиот денЕко Партнерсорганска храна
Претходен напис Ова се пет работи на кои треба да внимавате кога купувате овошни садници
Следен напис 3 најубави есенски цветови кои ќе ви ги красат дворот и градината, а цветаат се до декември
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?