Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЕК: Северна Македонија умерено подотвена во делот на земјоделството и руралниот развој
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЕК: Северна Македонија умерено подотвена во делот на земјоделството и руралниот развој
Агровести

ЕК: Северна Македонија умерено подотвена во делот на земјоделството и руралниот развој

Објавено 11/11/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Северна Македонија останува умерено подготвена во областа на земјоделството и руралниот развој, нотира Европската комисија (ЕК) во најновиот Извештај за напредокот на земјава.

Според ЕК, постигнат е одреден напредок во периодот на известување, особено во подготовката на Акцискиот план 2021-2027 година за Националната стратегија за земјоделство и рурални развој, како и во делот на буџетирањето мерки за поддршка во рамки на Националната програма 2023-2027 година за развој на земјоделството.

И оваа година, оценува ЕК, земјава има добро ниво на подготовка во делот на безбедноста на храната, ветеринарната и фитосанитарната политика.

Одреден напредок има и во рибарството и аквакултурата.

ЕК укажува дека некои препораки од минатогодишниот Извештај не се целосно имплементирани, поради што продолжуваат да важат. И овојпат се препорачува Северна Македонија да обезбеди трансфер на регистарот на фарми и на системот за идентификација на земјишни парцели до Платежната агенција, да усвои законодавна рамка за натамошно усогласување со правото на ЕУ во области како што се плаќањата за поддршка, заедничка организација на пазарот и советодавни услуги на фармите, како и да го подобри административниот капацитет за ИПАРД со цел максимално ефикасно спроведување на ИПАРД 3 Програмата.

-Постигнат е мал напредок во натамошното усогласување со заедничката пазарна организација (ЗПО). Останува да се донесе законска регулатива во оваа област. Во однос на руралниот развој, постигнат е добар напредок во апсорпцијата на средствата на ЕУ во рамките на ИПАРД 2. До крајот на 2022 година исплатите достигнаа околу 42 милиона евра. Од клучно значење е да нема одложување на преостанатите ИПАРД 2 средства и да се поддржи имплементација на ИПАРД 3 фондовите за кои беше дадена доверба од Европската комисија. Административниот капацитет за реализација на ИПАРД мора да се зајакне. Не е постигнат значителен напредок и во усогласувањето на националната политика за рурален развој со правото на ЕУ. Во однос на политиката за квалитет, имаше поместувања од аспект на регистрација на голем број производи. Но, законската рамка, вклучително и за алкохолните пијалаци, останува целосно да се усогласи со правото на ЕУ, порачува ЕК.

Комисијата констатира дека Северна Македонија ја продолжи политиката на сложени шеми за директна поддршка на земјоделците и во овој контекст препорачува земјава да ги усогласи своите национални мерки за поддршка со правото на ЕУ. 

ЕК се осврнува и на органското земјоделство.  

-Треба да се усвои нов закон за органски производи што дополнително ќе се усогласи со правото на ЕУ, а може да се интензивираат и активностите за подобрување на мониторингот и контролата на органското сертифицирање и следливоста на органските производи. Треба да се направат напори за натамошен развој на секторот, користејќи ја поддршката достапна во рамките на програмата ИПАРД 3, наведува ЕК.

Европската комисија на 8 ноември ги објави извештаите за напредокот на земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Северна Македонија. 

Извор – МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ЕКземјоделствоторуралниот развојСеверна Македонијаумерено подотвена
Претходен напис РКЕ: За 140 проценти е зголемен инсталираниот капацитет за производство на струја од сонце
Следен напис Извештај на ЕК: Ограничен напредок во областа на животна средина и климатски промени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?