Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЕК објави пакет мерки за понатамошна поддршка на земјоделско-прехранбениот сектор
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЕК објави пакет мерки за понатамошна поддршка на земјоделско-прехранбениот сектор
АгровестиСубвенции

ЕК објави пакет мерки за понатамошна поддршка на земјоделско-прехранбениот сектор

Објавено 05/05/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Мерките за поддршка најавени на 22 април, вклучуваат помош во приватното складирање во секторот млеко и месо, привремена дозвола за самоорганизирање на пазарни мерки од страна на субјекти во тешко погодените сектори и флексибилност во спроведување на програмата за поддршка на пазарот.

Европската комисија објави најнов пакет одлични мерки за понатамошна поддршка на земјоделскиот и прехранбениот сектор кој e најмногу погоден од кризата поради корона вирусот.

Покрај овие пазарни мерки , Комисијата им предложи на државите членки да користат средства за рурален развој за компензација на земјоделците и малите земјоделско – прехранбени претпријатија со износи до 5.000 односно 50.000 евра, објавено е на службената страница на Комисијата.

“Постапивме брзо како би ги имале на располагање сите потребни мерки за поддршка на земјоделците и оние на кои тоа им е потребно. Кризата тешко ги погоди некои земјоделци и прехранбените пазари. Сега сум уверен дека усвојувањето на овие мерки ќе овозможи поддршка, ќе испратат прав сигнал на пазарите и наскоро ќе се овозможи одредена стабилност. Овој пакет и претходните мерки на поддршка покажуваат дека Комисијата е подготвена и ќе делува така како што тоа го бара ситуацијата“ , изјави комесарот за земјоделство и рурален развој Јануз Војциечовски.

За кои клучни мерки се работи?

Исклучителните пазарни мерки предложени на 22 април и кои сега во целост се усвоени и објавени вклучуваат помош за приватно склaдирање. Тоа значи дека Комисијата ќе поддржи помош за приватно складирање на млечни проивзоди ( преработено млеко во прав, маслац, сирење) и месни производи (говедско, овчко и месо од коза). Оваа, мерка овозможува привремено повлекување на производите од пазарот најмалку од 2-3 месеци а на максимално растојание од 5 до 6 месеци. Пријавите за учество во програмата се отвораат од 7 мај 2020.

Другата мерка се однесува на адаптирањето на програмата кон пазарната поддршка. Имено,како што е објавено, Комисијата ќе овозможи флексибилност во спроведувањето на програмата за поддршка на пазарот за вино, овошје и зеленчук, маслинки и маслиново масло, пчеларство и програмата на ЕУ (опфаќа млеко, овошје и зеленчук). Оваа флескибилнсот настојува да ја ограничи расположливoто обезбедување во секој сектор и да доведе до повторна рамнотежа на пазарот.

Третата мерка пак се однесува на привремено отстапување од правилата на пазарниот натпревар во ЕУ. Членот 222 од Уредбата за организација на заедничкиот пазар (CMO) овозможува на Комисијата да усвои привремени отстапки од одредени правила на пазарниот натпревар во ЕУ за условите на сериозна пазарна нерамнотежа. Комисијата прифати такви отстапки за секоторот млеко, цвеќе и компир. Овие отстапки овозможуваат на операторите да се самоорганизираат и да спроведуваат пазарни мерки на нивно ниво поради стабилизација на својот сектор и во поглед на функционирањето на внатрешниот пазар во период од најмногу 6 месеци.

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:еумеркипазаритандарди
Претходен напис Недостаток од пченица на светските пазари, житариците стануваат „жолта нафта“
Следен напис „АГРОУНИЈА“ со понуда за пролетна сеидба: Семенски компир, пченка, арпаџик…
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?