Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЕК: Економскиот раст на ЕУ во првите три квартали од 2025 година ги надмина очекувањата 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЕК: Економскиот раст на ЕУ во првите три квартали од 2025 година ги надмина очекувањата 
Агровести

ЕК: Економскиот раст на ЕУ во првите три квартали од 2025 година ги надмина очекувањата 

Објавено 17/11/2025
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По силните економски перформанси во првото полугодие поттикнати од растот на извозот во очекување на зголемување на царините, економијата на ЕУ продолжи да расте и во третото тримесечје од 2025 година, со што економскиот раст на Унијата во првите три овогодишни квартали ги надмина очекувањата, покажуваат податоците во Есенската економска прогноза на Европската комисија за 2025 година.  

– Дури и во неповолно опкружување, економијата на ЕУ продолжи да расте. Со оглед на предизвикувачкиот надворешен контекст, ЕУ сега мора да преземе решителни мерки за да го поттикне домашниот раст, порача еврокомесарот за економија и продуктивност Валдис Домбровскис при презентацијата на Прогнозата. 

Според него, за таа цел ЕУ ќе мора да ги забрза напорите за зајакнување на конкурентноста, вклучително и преку поедноставување на својата регулативата, комплетирање на Единствениот пазар и поттикнување на иновациите. 

Домбровскис истакна дека ЕК предвидува оти реалниот БДП на ЕУ во 2025 и 2026 година ќе порасне за 1,4 отсто, по што ќе достигне до 1,5 проценти во 2027 година. Ваквиот тренд, според него, се очекува да се отслика и во Еврозоната за каде се предвидува раст на реалниот БДП за 1,3 отсто во 2025 година, 1,2 во 2026 и 1,4 проценти во 2027 година. 

Кога станува збор пак за инфлацијата, според Домбровскис, се таа очекува да продолжи да опаѓа во Еврозоната од овогодишните 2,1 отсто на 1,9 проценти следната година и да забележи благ раст на околу 2,0 проценти во 2027 години. На ниво на ЕУ, пак, инфлацијата се очекува да биде малку повисока и од 2,5 отсто во 2025 да се намали на 2,1 проценти во 2026, по што во 2027-та би достигнала 2,2 отсто. 

Во Прогнозата се наведува дека постепеното забавување на растот на вработеноста во ЕУ што започна во 2022 година, продолжи и во текот на првата половина од 2025 година, но сепак беа генерирани 380.000 работни места. 

ЕК очекува вработеноста да продолжи умерено да се зголемува за 0,5 отсто во 2025 и 2026 година, пред да забави на 0,4 проценти во 2027 година. Од друга стана, се очекува стапката на невработеност дополнително да се намали од 5,9 отсто во 2025 и 2026 година, на 5,8 проценти во 2027 година.  

– Растот на платите во ЕУ се очекува да забави, но да остане над инфлацијата, умерено подобрувајќи ја куповната моќ на домаќинствата, смета Еврокомисијата. 

Кога станува збор за буџетскиот дефицит на ЕУ, се очекува тој да се зголеми од 3,1 отсто од БДП во 2024, на 3,3 во 2025 и на 3,4 проценти во 2026 и 2027 година, делумно поради растот на трошоците за одбрана. 

Се предвидува и уделот на вкупниот долг во БДП во ЕУ да се зголеми од 84,5 отсто во 2024 на 85 проценти во 2027 година, додека на ниво на Еврозоната се очекува тој раст да биде од 88 на 90,4 отсто.  

– Ова е одраз на тековните примарни дефицити и фактот што просечната висина на јавниот долг е поголема од номиналниот раст на БДП. До 2027 година, се очекува четири земји членки да имаат коефициенти на долг над 100 отсто од БДП, се додава во документот. 

Европската комисија наведува дека според најновите деловни индикатори и податоци се очекува  сегашниот позитивен моментум во европската економија да продолжи и во наредните квартали. 

– Гледано кон иднината, глобалното опкружување ќе остане предизвикувачко, но отпорниот пазар на трудот, подобрувањето на куповната моќ и поволните услови за финансирање, се очекува да го поддржат умерен економски раст на ЕУ, смета ЕК. 

Комисијата очекува и дополнително Механизмот за закрепнување и отпорност и другите фондови на ЕУ го ублажуваат ефектот од фискалната консолидација во неколку земји членки, со тоа што ќе ја поддржат домашната побарувачка, за која се предвидува дека ќе биде главен поттикнувач на економскиот раст во следните два години.  

– Се очекува приватната потрошувачка постојано да расте, поддржана од горенаведените фактори, но и од постепеното намалување на стапката на штедење. Инвестициите се очекува да го вратат моментумот, главно поттикнати од нестанбената изградба и капиталните трошоци за опрема, смета ЕК. 

Во документот се посочува и дека се очекува отворената европска економија и во наредниот период да биде подложна на тековните трговски ограничувања, но и дека постигнатите трговски договори ќе ублажат некои од неизвесностите што влијае на предвидувањата во овогодишната Пролетна прогноза. 

Комисијата предвидува дека американските царини и во 2026 и 2027 година ќе останат на сегашното ниво, кое за ЕУ е пониско од она за неколку други големи глобални играчи, што претставува „скромна релативна предност“ за европската економија, во услови на послаба глобална трговија со стоки и силното евро кое ја ублажува странската побарувачка.

МИА

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:2025Економскиот растЕУочекувањата
Претходен напис УХМР најавува пообилни врнежи од дожд и засилен ветер
Следен напис Ристески: Се додека не се постигне договор во рамки на ЕСС, зголемувањето на минималната плата ќе се пресметува со постојната формула
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?