Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Егзотично овошје во срцето на Балканот: Албанија ја претвора климатската криза во извозна шанса
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Егзотично овошје во срцето на Балканот: Албанија ја претвора климатската криза во извозна шанса
Агровести

Егзотично овошје во срцето на Балканот: Албанија ја претвора климатската криза во извозна шанса

Објавено 28/07/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На само неколку километри од Јадранот, во централна Албанија, се наоѓа фармата на 75-годишниот агроном Иракли Шкоза – вистинска оаза каде што егзотиката цвета под зголемените температури. Наместо да се повлече во пензија, тој одлучил да направи нешто поразлично – да донесе семиња од Африка и Америка и да експериментира со нови култури. Резултатот: успешен и растечки бизнис со егзотично овошје.

Климата како нов сојузник

Областа Дивјака, која некогаш била житница на Албанија, денес претрпува трансформација. Поранешните полиња со жито се претвораат во плантажи со лубеници, овошје и зеленчук, а сега – и со егзотични плодови. Климатските промени, иако опасни, се покажуваат и како нова можност.

„Овошјата како маракуја или папаја бараат помалку вода и труд, а тоа значи и пониски трошоци“, вели Шкоза.

Со сè почестите топлотни бранови, научниците предупредуваат дека приносите на традиционалните култури ќе се намалуваат – особено во Албанија, каде летните температури се највисоки на Балканот. Според студија од 2022 година, до крајот на векот, температурите во регионот може да се зголемат дури за 3.5 до 8.8 степени Целзиусови.

Промената како можност, не како закана

„Ако умееме да се прилагодиме, климатските промени не мора да бидат катастрофа“, вели оптимистички Шкоза.

Албанските земјоделци треба да почнат да гледаат на својата клима како предност, додава агрономот Алтин Хила: „Овие плодови сега главно се увезуваат од Латинска Америка, Југоисточна Азија или Австралија – но доколку се произведуваат овде, ќе бидат посвежи, поевтини и полесни за дистрибуција.“

Васил Николовски, агроном од Северна Македонија кој неколку години работи во Дивјака, објаснува дека папајите кои доаѓаат од другите континенти се берат зелени и дозреваат вештачки. „Тука можат да зреат природно на дрво – тоа е клучната разлика,“ вели тој, додавајќи дека Албанија има капацитет да обезбеди 100 до 200 милиони евра годишен извоз на егзотично овошје.

Од кивано до киви – бербата ветува

Шкоза веќе извезува папаја, маракуја и пепино, додека неодамна испрати 30 тони кивано на хрватскиот пазар. „И оваа година бербата изгледа ветувачки,“ рече тој задоволно.

Неговиот пример го следи и Лулзим Буллари, кој кај Елбасан одгледува киви – претежно за извоз во Швајцарија и Холандија. Неговата најнова инвестиција се 15 хектари со смокви од Северна Африка, кои успешно ја поднесуваат блага зима.

„Среќата ги следи храбрите – мора да трчаш ако сакаш да ја стигнеш,“ заклучува Буллари.

извор: trn.mk

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:албанијаизвозмаракујаовошје
Претходен напис Трипуновски: Засилени контроли од инспекторите и нулта толеранција за нерегуларности при откупот на грозје
Следен напис  Критично е со пожарот во Радовишко – огнот се ближи до куќите во неколку села
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?