Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЕБОР: Северна Македонија ги зајакнува вештините на работната сила за праведна транзиција
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЕБОР: Северна Македонија ги зајакнува вештините на работната сила за праведна транзиција
Агровести

ЕБОР: Северна Македонија ги зајакнува вештините на работната сила за праведна транзиција

Објавено 26/02/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) обележа успешно завршување на два проекта за развој на работната сила поддржувајќи ја Северна Македонија во праведната транзиција на енергијата, со завршен настан и церемонија на доделување сертификати, која се одржа во Битола, се вели во соопштението од ЕБОР, што МИА го пренесува интегрално. 

Проектите беа имплементирани во соработка со Владата на Северна Македонија, државната компанија АД „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) и Инвестициската платформа за праведна транзиција на Северна Македонија. Нивната цел е да ги поддржат работниците и заедниците кои се погодени од транзицијата на искористување на јагленот кон зелена енергија преку зајакнување на нивните вештини, подобрување на способностите за квалификување за работа и градење на отпорност во енергетскиот сектор.

Во двата проекта повеќе од 600 вработени на ЕСМ имаа бенефит од структурираните програми за обука, кои опфатија технички, менаџерски и меки вештини, вклучувајќи продуктивност, менаџирање на енергијата, лидерство, комуникации и инсталација на соларни панели. Иницијативите беа поддржани од Јапонскиот фонд за соработка и Блумберг-филантропите преку ЕБОР.

Претставникот на ЕБОР за Северна Македонија, Фатих Туркменоглу, се обрати на настанот и го истакна значењето на инвестирање во луѓето како основа за успешна енергетска транзиција и поддршка на земјата во справување со проблемот на иселување на населението преку креирање работни места. Тој истакна дека регионите како Битола и Осломеј играа централна улога во обезбедување национална енергетска сигурност со децении и дека работниците и заедниците мора да бидат поддржани во согласност со еволуирање на енергетскиот систем.

„Технологиите може да се сменат, но успехот на која било транзиција зависи од луѓето“, додаде Туркменоглу честитајќи им на учесниците што добија сертификати за завршување на програмите за обука.

Паралелно со развојот на вештините, ЕБОР инвестира во иднина на обновлива енергија на Северна Македонија вклучувајќи развој на големи фотоволтаични постројки на поранешните окна на рудниците во Осломеј и Битола.

ЕБОР го најави промовирањето на транзициската платформа за жени во транзиција од јаглен за Северна Македонија во вредност од 150.000 американски долари, која ќе ги поддржува жените што работат во енергетскиот сектор, а се погодени од транзицијата.

Северна Македонија е земја акционер во ЕБОР и комплетно се има посветено на целосната транзиција од јаглен до 2030 година под програмата „Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција“ (JETIP – Just Energy Transition Investment Platform) усогласувајќи ги националната енергија и планирањето на климата со долгорочни климатски цели. ЕБОР останува посветена на поддршката на земјата во градење конкурентен, одржлив и инклузивен енергетски систем, кој не ги изоставува работниците и заедниците.

Извор МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:ЕБОРтранзиција
Претходен напис Челичниот сектор на ЕУ бара потесен опсег на законот „Произведено во Европа“
Следен напис Николоски: Нови експресни патишта за подобро регионално поврзување
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?