Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЕБОР: Македонија има направено импресивен чекор во нејзината зелена транзиција
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЕБОР: Македонија има направено импресивен чекор во нејзината зелена транзиција
Агровести

ЕБОР: Македонија има направено импресивен чекор во нејзината зелена транзиција

Последна измена: 19/05/2025 21:56
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Индустриските политики бележат оживување и нивната растечка популарност е примарно обликувана од домашните политичко-економски услови и од растечките геополитички тензии. Иако овие политики обично се применуваат во економиите во повисоки приходи, се почесто се користат и во економиите со помал административен и фискален капацитет, оценува Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во најновиот извештај „Извештај за транзицијата, навигација во индустриските политики“.

Според Фатих Туркменоглу од ЕБОР, Македонија има направено импресивен чекор во нејзината зелена транзиција, развој на инфраструктурата и зголемување на пристапот до финансии за деловните субјекти и за граѓаните.

-Стратегијата на ЕБОР за Македонија за периодот 2025 – 2030 година, која беше усвоена овој месец, има јасни приоритети за регионалната интеграција, одржливата инфраструктура и зајакнување на поконкурентната и инклузивна економија. Како што е истакнато во Извештајот за транзицијата 2024-2025 година-Навигација во индустриските политики, истите може да играат критична улога во обликување на долгорочната конкурентност и отпорност на земјата. Во Северна Македонија, нашите инвестиции се стремат кон креирање на значајни можности кои ги охрабруваат луѓето да ја градат нивната иднина дома, преку поддршка на инклузивен раст и помош во справување со демографските предизвици. Јас сум оптимист за иднината и посветен сум во испорачување на уште поголемо влијание во годините кои следат, истакна Туркменоглу.

Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска, слободните економски зони, како основна алатка на индустриската политика, одиграле позитивна улога во привлекувањето на странските претпријатија, создавањето на работни места и зголемувањето на продуктивноста во македонската економија, но придобивките би биле поголеми доколку трансферот на знаење и врските меѓу странските инвеститори и домашните компании се зајакнуваат.

-Очигледно е дека овие компании, согласно проценките на Народна Банка, имаат позитивни ефекти врз билансот на плаќања, генерирајќи нето девизен прилив од 17,8 проценти од БДП во периодот 2014-2023 година. Но, придобивките можат да бидат поголеми ако трансферот на знаење, технолошката дифузија и врските помеѓу странските инвеститори и локалните бизниси се зајакнат. Моментално се проценува дека фирми кои работат во зоните користат само околу 10 проценти од нивните потреби, од македонските локални претпријатија, подвлече Ангеловска-Бежоска.

ЕБОР досега има инвестирано над 2,9 милијарди евра во 198 проекти во државава.  (МИА)

Може да ви се допадне

Запленети мрежи со риба и риболовен алат на Охридското Езеро
Цените на нафтата паднаа по објавата за прекин на огнот меѓу Израел и Иран
Првите четири банки од земјава впишани во регистарот на Европскиот совет за плаќања
Царинска управа: Запленети цигари, дрон, фалсификувана стока и друго
Влада: Исплатени субвенции на над 70.000 земјоделци во вредност од над девет милијарди денари
Таг:еборзелена транзицијамакедонија
Претходен напис Три недели откако пропадна патот во Галичник, нема абер дека некој ќе го поправи
Следен напис Сончево и топло до 28 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?