Идилично место, каде што растат најубавите цвеќиња, одлично вклопени едни во други видови, негувани од вредните раце на неодамна пензионираната ТВ- новинарка Златка Пурковиќ, вака изгледа дворот на семејството Пурковиќ во Прилеп.

„Не се занимавам професионално со цвеќарство, тоа ми е само хоби, пријател, релаксирање од стресното секојдневие, насочување на неубавите мисли во друг колосек. Цвеќарите како мене обично велат дека делува како антидепресив и навистина е така, зашто работата со цвеќе, како и секоја физичка работа, те опушта и те релаксира. Цвеќето ми е љубов, страст повеќе години. За разлика од другите цвеќари кои обично се определуваат за еден вид, јас ги сакам сите цвеќиња, најмногу оние кои цветаат. Во моментов имам над 400 саксии и преку илјада на отворено, во двор, цвеќиња кои не мрзнат на ниски температури“, раскажува оваа вредна жена.

Се прашуваме, каде ли оваа жена ја наоѓа својата инспирација, од каде толку голема љубов кон нив?
„Зошто ги сакам, затоа што уживам да гледам како растат пред моите очи, како се борат, како се раѓа нов живот и убавина, се восхитувам од величественоста на природата. Толку бои, околу мене, совршенство на мириси, кои само можат да се најдат длабоко во природата. Не разговарам на глас со нив, ама сочувствувам со нивната болка кога ги гледам подзасушени, мислам дека и тие како нас страдаат“, објаснува Златка.

Цвеќиња од секаков вид, а ние обземени од сета оваа убавина, тоа е како да сме влегле за миг во некој друг свет, каде што би посакале да земеме парче од ова искуство со нас.

„Сите цвеќиња ги сакам, секое е со своја душа и со своја приказна, мечтаам по родемдрони, бугенвили, туберози, мечтаам по многу цвеќиња кои ги гледам низ списанијата. Го набавувам цвеќето од секаде, членувам во сите можни групи на социјаните мрежи за љубители на цвеќиња, покрај искуствата кои ги споделуваме си разменуваме и цвеќиња. Никој не ми помага, бидејќи моите сметаат дека сум претерала, хаха, сепак сопругот има разбирање и ми создава услови, прави полици за да ги сместам. Саксиите, во најголем дел ги правам сама и уживам во тоа.

Најнова љубов ми се сукулентите, затоа што одлично се комбинираат со камен, а јас него го обожувам. И последниот денар би го дала за цвеќе, можеби тоа доаѓа и со годините. Јас сум пензионерка, период кога почнува една друга фаза во животот, имаш повеќе време и можеш да си го посветиш на она што го сакаш најмногу. Цвеќарството, верувајте ми, преминува во страст, можеби како замена за една друга“, низ шега зборува оваа вредна жена.

Вели дека цвеќе носи буквално од секаде и каде и да оди прво што бара е некој нов вид кој сака да биде во нејзината градина.„Она што гледам кога ќе појдам во друга држава се цвеќињата, донесов цвеќиња од Чешка, од Србија, Грција, Албанија, оние кои не можат да се најдат кај нас, зашто да признаеме понудата кај нас е доста ограничена, како за семе така и за расад, додека она што го добиваме од цвеќарниците како холандско цвеќе, тешко ги преживува стресовите при транспорт, поинаква клима и подруг третман, настрана од ова за наш стандард е и прескапо, не може едно цвеќе да чини неколку пати поскапо од една книга, иако споредбата е лоша.

Кога бев во Прага застанував пред секоја продавница мислејќи дека е цвеќара зашто таму и во книжарниците и во колонијалните продавници на излозите има цвеќе. Цените се прениски, бидејќи данокот кој го плаќаат производителите е низок, секој може да си го дозволи, а цвеќето се третира како значаен елемент за заштита на човековата околина, за разлика од кај нас зашто веќе стана луксуз“, смета нашата соговорничка.
Неодманешна студија на Харвард, укажала на тоа дека жените кои се љубители на цвеќиња имаат подолг живот и подобро ментално здравје и оввие жени повеќе се дружеле со луѓе со слични интереси со кои ги споделувале своите искуства. Златка смета дека кај нас сепак сеуште го немаме достигнато тоа ниво да научиме да даруваме цвеќе.

„Она што гледам кога ќе појдам во друга држава се цвеќињата, донесов цвеќиња од Чешка, од Србија, Грција, Албанија, оние кои не можат да се најдат кај нас, зашто да признаеме, понудата кај нас е доста ограничена, како за семе така и за расад, додека она што го добиваме од цвеќарниците како холандско цвеќе, тешко ги преживува стресовите при транспорт, поинаква клима и подруг третман, настрана од ова, за наш стандард е и прескапо, не може едно цвеќе да чини неколкупати поскапо од една книга, иако споредбата е лоша. Кога бев во Прага застанував пред секоја продавница мислејќи дека е цвеќара, зашто таму и во книжарниците и во колонијалните продавници на излозите има цвеќе. Цените се прениски, бидејќи данокот кој го плаќаат производителите е низок, секој може да си го дозволи, а цвеќето се третира како значаен елемент за заштита на човековата околина, за разлика од кај нас зашто веќе стана луксуз“, смета нашата соговорничка.

Неодманешна студија на „Харвард“, укажала на тоа дека жените кои се љубители на цвеќиња имаат подолг живот и подобро ментално здравје и овие жени повеќе се дружеле со луѓе со слични интереси со кои ги споделувале своите искуства. Златка смета дека кај нас сепак сè уште го немаме достигнато тоа ниво да научиме да даруваме цвеќе.

Што е она на што би требало да се обрне внимание и да се направи цвеќето да стане подостапно за љубителите, да се намалат даноците кои ги плаќаат цвеќарите, да се зголеми асортиманот, достапноста на семенски материјал, заштитни средства, да се субвенционира професионалното цвеќарство, така можеби ќе создадеме поинаков однос кон цвеќето“, смета таа.

Нејзиниот двор прави совршенство, хармонична слика, место каде ако добие шанса, секој од нас би посакал да остане таму.
